Bosch GCM 10 GDJ Professional Notice Originale page 333

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 44
првобитната позиција и лостот (12) ќе може повторно
да се вклопи во жлебовите (14).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во
граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, постојат граничници за
агли од 0°, 22,5° и 45° и 47°.
Подесување на агломерот за левиот вертикален опсег
на аголот на закосување (45° до 0°)
– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива
гранична водилка (7).
– Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
– Навалете ја лизгачката рачка (23) на дршката (3)
налево додека агломерот (28) не го покаже саканиот
вертикален агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (23) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на агломерот за десниот вертикален
опсег на аголот на закосување (0° до 45°)
(види слика J)
– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (7)
целосно нанадвор.
– Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
– Навалете ја лизгачката рачка (23) на дршката (3) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (32), додека не се прикаже саканиот
вертикален опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (23) на дршката (3)
надесно додека агломерот (21) не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (23) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
За да може стандардниот агол на закосување 0°
повторно лесно да се подеси, вртливото копче
(32) се вклопува во левиот вертикален опсег на
аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (23) од десно над 0°-
позиција.
Bosch Power Tools
Подесување на целиот вертикален опсег на аголот на
закосување (–47° до +47°)
– Повлечете ги двете подесливи гранични водилки (7)
сосема нагоре.
– Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
– Навалете ја лизгачката рачка (23) на дршката (3) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (32), додека не се прикаже саканиот
вертикален опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (23) со дршката (3) кон
лево или десно, се додека агломерот (28) или (21) не
го покажува посакуваниот вертикален агол на
закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (23) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 22,5° (види слика K)
Извлечете го копчето за подесување (29) целосно
нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете ја
лизгачката рачка (23) на дршката (3), додека не
слушнете да се вклопи.
Ставање во употреба
Вклучување (види слика L)
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете
ја блокадата при вклучување (4) на средина и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (52) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (52) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (52).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба. Адреси: Сервисна служба и совети
при користење.
Македонски | 333
1 609 92A 5U5 | (01.10.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières