Bosch GCM 10 GDJ Professional Notice Originale page 329

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 44
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Клуч со крцкалка (големина: 8 mm)
– Прстенест, вилушкаст или клуч за втиснување
(големини: 10 mm и 17 mm)
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на копчето за фиксирање (види слика a)
– Завртете го копчето за фиксирање (11) во
соодветниот отвор над лостот (12).
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање
u
(11)пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да
се заглави во делот што се обработува.
Монтирање на затегнувачкиот лост за саканиот агол
на закосување (вертикално) (види слика a)
За монтирање на затегнувачкиот лост (13) користете го
испорачаниот сет за прицврстување (клуч за втиснување,
навртки, 2 подлошки).
– Вметнете ги одделните делови во прикажаниот
редослед (голема подлошка, затегнувачки лост, мала
подлошка, навртка) на навојната болцна на
електричниот алат.
– За подобар пренос на моќ при затегнување на
навртката со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (30) низ отворите на клучот за
втиснување.
– Цврсто затегнете ја навртката.
Монтирање на продолжниот држач (види слика b)
За монтирање на продолжниот држач (16) користете го
испорачаниот сет за прицврстување (2 затегнувачки
лостови (18), 2 завртки со пружина, 2 завртки со
нарецкана глава).
– Притиснете го продолжниот држач (16) до крај во
соодветните отвори на масата за пила (33).
– Навртете ја рачно завртката со нарецкана глава
целосно во соодветните отвори.
Bosch Power Tools
– Поставете ја главата на завртката со нарецкана глава
на затегнувачкиот лост (18).
– Фиксирајте го затегнувачкиот лост (18) со завртката
со пружина.
– Зголемете ја силата на затегнување на затегнувачкиот
лост (18), за да се затегне завртката со пружина со
испорачаниот клуч внатрешна шестаголна глава (30).
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика c1)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (15).
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на работна маса на Bosch
(види слика c2)
(GTA 2500 W, GTA 3700, GTA 3800)
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Македонски | 329
1 609 92A 5U5 | (01.10.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières