Bosch GBM 13 HRE Professional Notice Originale page 109

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 13 HRE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-2508-002.book Page 109 Tuesday, October 25, 2016 3:11 PM
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на запчестата глава ќе ја извршите по обратен
редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 10–15 Nm.
Зашрафете го сигурносниот шраф 10 во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
брзозатезна глава за дупчење. Секогаш користете нов
сигурносен шраф, бидејќи на неговиот навој има
нанесено сигурносна леплива маса, која при
повеќекратна употреба не делува повеќе.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 2
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 2 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 2 на десно до крај.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
3 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 3 притиснете го копчето за
фиксирање 4.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 4, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
3 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 3.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 3 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Со уредот за острење на бургии (опрема) без мака може
да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од
2,5–10 мм.
За особено прецизно работење употребете сталак за
дупчење (опрема).
Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно
затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува
вртењето на делот што се обработува и несреќите што
може да настанат притоа.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Македонски | 109
1 609 92A 2AE | (25.10.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières