Bosch GBM 13 HRE Professional Notice Originale page 107

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 13 HRE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-2508-002.book Page 107 Tuesday, October 25, 2016 3:11 PM
Безбедносни напомени за дупчалки и
одвртувачи
 Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
 Држете го уредот за изолираните површини на
дршката, доколку извршувате работи, каде
електричниот апарат може да наиде на скриени
струјни кабли или на сопствениот мрежен кабел.
Контактот со кабли кои спроведуваат напон може да ги
стави металните делови на уредот под напон и да
доведе до електричен удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Bosch Power Tools
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика. Електричните апарати со
електронска регулација и тек лево/десно се исто така
погодни за завртување и сечење на навои.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Запчеста глава за дупчење
2 Прекинувач за менување на правецот на вртење
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
5 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
6 Клуч за главата за дупчење
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Бит за одвртувач/зашрафувач*
9 Универзален држач за битови*
10 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење
11 Инбус клуч*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Дупчалка
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Излезна моќ
Број на празни вртежи
макс. број на вртежи при
преоптоварување
Номинален вртежен момент
Дијаметар на грлото на
вретеното
макс. дупка Ø
– Челик
– Дрво
– Алуминиум
Затегање на главата
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Македонски | 107
GBM 13 HRE
3 601 K49 6A.
W
550
W
285
-1
min
0 – 550
-1
min
450
Nm
5
мм
43
мм
13
мм
40
мм
20
мм
1,5 – 13
кг
2,1
/II
1 609 92A 2AE | (25.10.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières