Безбедносни Мерки - Stiga 110 Combi Pro EL QF Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour 110 Combi Pro EL QF:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 127
кратенки погл. или пас. и со соодветниот 
број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1".
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Пред да ја користите оваа машина,
прочитајте го упатството за употреба
за машината за правилна монтажа.
Ова поглавје Безбедносни мерки се
однесува само на менливите делови.
Безбедносните мерки за тревокосачка со
седнат возач е предно сечење, погледнете
го соодветното упатство за употреба.
Запознајте се со командите и
правилното користење на машината.
Научете брзо да ја запирате машината
Непридржувањето кон предупредувањата
и кон упатството може да предизвикаат
изгореници и/или сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја 
употребуваат машината, или други лица што 
не се запознаени со основните упатствата. 
Локалните законски прописи ја одредуваат 
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината 
доколку корисникот е во состојба на 
замор или изнемоштеност, или користел 
лекови, дрога, алкохол или други штетни 
супстанци што влијаат врз капацитетот 
за навремено реагирање или внимание,
• Не пренесувајте деца или други патници
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен 
за незгодите или опасноста по други 
лица или нивниот имот. Во опсегот на 
одговорности на операторот спаѓа и 
проценката на можните ризици на теренот 
каде треба да се работи и затоа преземете 
ги сите неопходни безбедносни мерки за 
да ја гарантирате својата, но и безбедноста 
на другите особено на закосени, нерамни, 
лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на 
машината има други лица, проверете 
дали корисникот ги почитува упатствата 
што се содржани во ова упатство.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни 
чевли со ѓон против лизгање и долги 
пантолони. Не вклучувајте ја машината 
со боси нозе или отворени сандали. 
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Носете ракавици за работа во сите 
ситуации каде има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, 
бразлетни, облека со лелеави делови 
или со врвки и врски и слични додатоци 
што висат или се долги и би можеле да се 
закачат за машината или за предмети и 
материјали кои се производ на работата. 
• Соодветно приберете ја 
косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• .Проверете ја темелно целата површина 
за работа и отстранете сè што би 
можело да биде исфрлено од машината 
и да ги оштети уредот за сечење/
ротирачки делови (камења, гранки, 
железни остатоци, коски, итн.)..
2.3 ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина 
каде постои ризик од експлозија, 
во присуство на запаливи материи, 
гасови или нечистотија. Електричните 
контакти или механичките делови може 
да генерираат искри кои може да ги 
запалат правот или испарувањата. 
• Работете само на дневна светлина 
или при добро вештачко осветление 
и при услови на добра видливост. 
• Оддалечете ги лицата, децата и 
животните од областа за работа. 
Неопходно е децата да бидат под 
надзор на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите  на мокра трева, 
кога врне и кога ризик од временска 
непогода, особено грмотевици.
• Обрнете особено внимание на 
нерамнините на теренот (грутки, канали), 
закосувањата, сокриени опасности и 
на присуството на дадени опасности 
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во 
присуство на стрмнини, дупки или 
препреки. Машината може да се 
преврти ако едното тркало поминува 
преку раб или ако работ е закосен.
• Внимавајте на закосени терени каде 
треба особено да внимавате за да 
избегнете превртување или да не 
загубите контрола врз машината. Главните 
причини за загуба на контролата се:
– Нема рамнотежа меѓу тркалата
– Прекумерна брзина
– Несоодветна сопирање
– Несоодветна употреба на машината
– Не ги познавате ефектите коишто може 
да произлезат од условите на теренот
2
MK - 

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

125 combi pro el qf110c e qf125c e qf

Table des Matières