Bosch GAM Professional 220 Notice Originale page 153

Masquer les pouces Voir aussi pour GAM Professional 220:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
прикажаната вредност на позициите на кракот. Ев. зачуваната Hold-
вредност се брише со завршување на режимот на работа „Двојно
закосување".
Следете ги работните чекори точно според дадениот редослед.
1. SPR: Зачувување на аголот на косина (Spring Angle)
SPR
За зачувување на аголот на косина постојат следните можности:
– Отворете ги кракот на преклопување и основниот крак, додека не се
прикаже аголот на косина на екранот.
– Измерете го непознатиот агол на косина. За да го направите тоа,
поставете го делот што се обработува помеѓу кракот на
преклопување и основниот крак.
Доколку мерењето на особено тесни и мали делови за обработка не е
возможно со мерниот уред, тогаш искористете помошно средство,
како на пр. подвижно мерило, и потоа поставете го аголот на мерниот
уред.
Притиснете го копчето MTR2 (15), за да го зачувате измерениот агол на
косина за двојното закосување. На екранот се покажува SPR и
актуелниот агол.
Доколку при притискање на копчето MTR2 (15) аголот изнесува повеќе
од 90°, но помалку од 180°, тогаш аголот на косина SPR се претвара
автоматски на следниот начин:
SPR = 180° − измерен, одн. поставен агол.
2. CNR: Зачувување на аголот во ќош (Corner Angle)
Поставете ги кракот на преклопување и основниот крак рамно на
ѕидовите за мерење на аголот во ќош или поставете одреден агол на
ќош на мерниот уред.
Притиснете го копчето MTR2 (15), за да го зачувате измерениот агол во
ќош за двојното закосување. На екранот се покажува CNR и актуелниот
агол.
3. MTR: пресметување на хоризонталниот агол на закосување
(Miter Angle)
Одново притиснете го копчето MTR2 (15). На екранот се појавуваат
MTR и пресметаниот хоризонтален агол на закосување за пилата за
отсекување и сечење под агол. Со помош на хоризонталниот агол на
закосување ќе се утврди вртењето на масата за пила (MTR).
Bosch Power Tools
CNR
Македонски | 153
SPR
1 609 92A 58K | (18.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gam professional 220 mf

Table des Matières