Bosch GCL 2-50 C Professional Notice Originale page 251

Masquer les pouces Voir aussi pour GCL 2-50 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
активира првата можност за комбинација на приказите на
овој режим.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник (29) мора –
независно од избраниот начин на работа – да биде
активиран режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник (29).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето на ласерскиот приемник (6). Приказот за режим
на приемникот (7) свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето Режим на
приемникот (6). Приказот (7) се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики B–E)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на ротациониот држач (23).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°.
Штом ќе престанат да трепкаат ласерските зраци,
мерниот уред е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе
од 4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално
и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Работење со осцилаторна блокада (види слика F)
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција „  On". Приказот осцилаторна блокада (5)
свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат
во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Bosch Power Tools
Далечинско управување со помош на
Bluetooth®
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-
интерфејс.
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth® врска ќе најдете на интернет страната на Bosch
на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth®
може да настанат временски одложувања помеѓу
мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за
прием.
За далечинско управување на располагање стојат Bosch-
апликации (Apps). Тие може да се преземат во
соодветните продавници во зависност од терминалот:
Вклучете го Bluetooth®
За вклучување на Bluetooth® за далечинско управување,
притиснете го Bluetooth®-копчето (10). Проверете дали
Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен
уред.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Поврзувањето се воспоставува, кога Bluetooth®-приказот
(9) свети.
Bluetooth®-поврзувањето може да се прекине поради
големото растојание или пречки помеѓу мерниот и
мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори
на пречки. Во овој случај трепка Bluetooth®-приказот (9).
Исклучување на Bluetooth®
За Bluetooth® за далечинското управување, притиснете
на Bluetooth®-копчето (10) или исклучете го мерниот
уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
Македонски | 251
1 609 92A 4HG | (12.11.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcl 2-50 cg professional

Table des Matières