Ставање Во Употреба - Bosch GBM 13-2 RE Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 13-2 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

152 | Македонски
Демонтирање на запчестата глава за дупчење (види
слика F)
За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење (13)
ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 17 mm)
на површината на клучот на погонското вратило.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа.
Ставете го клучот за главата за дупчење (12) во еден од
трите отвори на запчестата глава (13) и олабавете ја
запчестата глава (13) со овој лост со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот. Јако зацврстената
запчеста глава ќе ја ослободите со лесен удар на клучот
за затегнување на главата за дупчење (12).
Извадете го клучот за затегнување на главата за дупчење
(12) од запчестата глава и целосно одвртете ја запчестата
глава.
Демонтажа на брзозатегнувачката глава/
брзозатегнувачката глава со сигурносен прстен
За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава и
брзозатегнувачката глава со сигурносен прстен ставете
еден клуч со внатрешна шестаголна глава во
брзозатегнувачката глава и ставете еден вилушкаст клуч
(ширина на клучот 17) на површината на клучот на
погонското вратило.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа.
Држете го цврсто вилушкастиот клуч (17) и олабавете ја
брзозатегнувачката глава со вртење на клучот со
внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Доколку брзозатегнувачката
глава е јако прицврстена, ќе ја олабавите со лесен удар
на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна
глава.
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и целосно
одвртете ја истата (1).
Монтирање на главата за дупчење
Монтажата на брзозатегнувачката глава/
брзозатегнувачката глава со сигурносен прстен ќе ја
извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од 50–55 Nm.
Кај брзозатегнувачка глава/запчеста глава за
дупчење
Завртете ја сигурносната завртка (16) во правец
спротивен на стрелките на часовникот во отворената
брзозатегнувачка глава/запчеста глава за дупчење.
Секогаш користете нова сигурносна завртка, бидејќи на
нејзиниот навој има нанесено сигурносна леплива маса,
која при повеќекратна употреба не делува повеќе.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
1 609 92A 5H2 | (20.11.2019)
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) кон десно до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки и
навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (7) кон лево до крај.
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина (8) може да го
u
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се
активира при целосно оптоварување или
максимален број на вртежи.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини (8) не може
да се навали до крај, свртете го малку погонското
вратило со дупчалката.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières