Ставање Во Употреба - Bosch GBH 18V-36 C Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 18V-36 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте капакот (11) наBluetooth
u
модулот GCY 42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
Подесување на режимот на работа (види слика D)
Со комбинираниот прекинувачот (5) изберете го начинот
на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
– За промена на режимот на работата свртете го
комбинираниот прекинувачот (5) во саканата
позиција, додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Десен тек за олабавување на
алатот за вметнување од делот што се
обработува
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
– По можност, олабавете го копчето за фиксирање (7)
за прекинувачот за вклучување/исклучување.
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Светлото свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
®
Low Energy
бројот на вртежи/удари.
Бројот на вртежи може да го регулирате преку
корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на
паметниот телефон.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го комбинираниот прекинувач (5) во позиција
„Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го комбинираниот прекинувач (5) во позиција
„Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
Длетување со функција за заклучување
За подолго време да длетувате без постојано да го
притискате прекинувачот за вклучување/исклучување
(9), заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување во начинот на работење „Длетување ".
– За фиксирање притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) до крај и притиснете
истовремено на копчето за фиксирање (7).
– За исклучување повторно притиснете на копчето за
фиксирање (7).
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
Македонски | 221
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото.
Позиција за Длетување
1 609 92A 70K | (09.11.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières