Ставање Во Употреба - Bosch EasyImpact 12 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour EasyImpact 12:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
Користете ги само полначите што се наведени на
u
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (10) притиснете на копчето
за отклучување (9) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат (види слика B)
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
Доколку го допирате алатот за вметнување, постои
опасност од повреда.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Bosch Power Tools
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (1) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата автоматски
се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (10) вметнете ја во рачката, додека
не се вклопи и не легне рамно на рачката.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (11) е притиснат ова не е
возможно.
Приказот за правец на вртење (4)/(5) свети доколку е
активиран прекинувачот за вклучување/исклучување
(11), прекинувачот за менување на правец (7) и доколку
моторот работи.
Десен тек (види слика C)
За дупчење и завртување на завртки поставете
на десен тек. Притиснете го електронскиот
прекинувач за менување на правец (7) надолу
Македонски | 145
1 609 92A 4EV | (16.01.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

02819308

Table des Matières