Bosch EasyImpact 12 Notice Originale page 146

Masquer les pouces Voir aussi pour EasyImpact 12:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
146 | Македонски
додека не светне приказот за правец на вртење
(4).
Лев тек (види слика D)
за олабавување одн. одвртување на завртки и
навртки поставете на лев тек. Притиснете го
електронскиот прекинувач за менување на
правец (7) надолу додека не светне приказот за
правец на вртење (5).
Претходно избирање на вртежниот момент /
подесување на режимот на работа
Вртете го прстенот за подесување (2) само кога
u
електричниот алат е во празен од.
Со прстенот за подесување (2) можете да го изберете
поставите потребниот вртежен момент од „Min" на „Max",
како и режимот на работа.
Режим на завртување
MIN...MAX При претходно избран вртежен момент
(MIN...MAX) електричниот алат е во 1.
брзина.
На приказот за режим на работа (3) се
појавува ознаката „Режим на завртување".
При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката
цврсто ќе се заврти во материјалот одн.
откако ќе се постигне поставениот вртежен
момент.
При одвртување на завртки евентуално
може да одберете повисока поставка одн. со
прстенот за подесување (2) да поставите на
ознаката „Дупчење".
Режим на дупчење
Ако прстенот за подесување (2) е поставен
на ознаката „Дупчење", електричниот алат е
во 2. брзина.
На приказот за режим на работа (3) се
појавува ознаката „Режим на дупчење".
Користете ја оваа поставка за дупчење во
дрво, метал или пластика.
Режим на ударно дупчење
Ако прстенот за подесување (2) е поставен
на ознаката „Чекан", електричниот алат е во
2. брзина.
На приказот за режим на работа (3) се
појавува ознаката „Режим на дупчење".
Користете ја оваа поставка за ударно
дупчење во цигли, ѕид и камен.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(11) и држете го притиснат.
Светлото свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (11) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
1 609 92A 4EV | (16.01.2019)
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (11).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (11) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (11)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира.
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија, одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Сопирачка за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (11) се закочува главата за дупчење и со
тоа се спречува повторното стартување на алатот што се
вметнува.
При завртување на завртки, прекинувачот за
вклучување/исклучување (11) отпуштете го дури откако
завртката цврсто ќе биде завртена во материјалот. На тој
начин главата на завртката нема да навлезе во
материјалот.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (6) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (11) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (6) и светилката (12) брзо трепкаат, доколку
температурата на батеријата е надвор од опсегот на
работна температура од –30 до +70 °C.
LED-светилки
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10 %
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
Капацитет
≥ 66 %
33 – 66 %
11 – 33 %
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

02819308

Table des Matières