Milwaukee M18 HUP700 Notice Originale page 210

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
ОДРЖУВАЊЕ
Пред да почнете со било какво подесување, чистење и
сервисирање на уредот, извадете ја батеријата.
Никогаш немојте да ги отворате уредот, батеријата или
полначот.
Проверете го уредот дали има било какви проблеми, на пр.
дали бучи или да не има заглавени подвижни делови кои би
можеле да влијаат врз алатката.
Вентилациските отвори на алатот мора постојано да бидат
слободни.
За да избегнете повреда и оштетување, уредот, батеријата
или полначот немојте никогаш да ги потопувате во течност,
ниту, пак, дозволувајте во нив да продре течност.
Освен тоа, сервисирањето и поправките смеат да ги
извршуваат само овластени специјализирани работилници.
Апаратот содржи хидрау-лично масло кое што претста-вува
опасност за подземните води. Неконтро-лирано испуштање
или нестручно фрлање е казниво.
Наредното сервисирање е наведено со LED на самиот уред.
Вратете го алатот, батериското пакување и полначот до
овластен сервис на MILWAUKEE за поправка. По шест месеци
до една година, во зависност од користењето, вратете
ги алатот, батериското пакување и полначот до овластен
сервис на MILWAUKEE за инспекција. Користете само
Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку алатката не стартува или не работи со полна сила
при полна батерија, исчистете ги контактите на батеријата.
Ако алатот сè уште не работи правилно, алатката, полначот
и батеријата вратете ги на поправка во некој сервис на
MILWAUKEE.
Инте вал за се виси ање
Погледнете ја апликацијата ONE-KEY за информации во
врска со потребното сервисирање, како на пример замена на
течност. Вратете го алатот на овластен сервис на MILWAUKEE
за сите поправки и одржување.
ЗАБЕЛЕШКА: Можеби е пот ебна неделата и годината на
п оизводство на алатот. Оваа инфо мација може да се
најде на се искиот б ој лоци ан на плочката со ознака
на типот на алатот.
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
За безбедна испорака, ви препорачуваме пакување на
хидрауличната пумпа во затворена пластична ќеса отпорна на
масло и користејќи го оригиналното пакување.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за ONE-KEY функциите на овој уред,
прочитајте го приложеното упатство за Брз старт или посетете
нè на веб-страницата: http://www.milwaukeetool.com/one-key
Апликацијата ONE-KEY можете да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Deutsch
Резултатот од испекцијата ги исполнува нашите минимални
барања според EN 301 489-1 / EN 301 489-17. Во прирачникот
за корисници на муштериите ќе им дадеме упатство за
ракување.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.Температура повисока од 50оС
(122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте
подолго изложување на батериите на високи температури
или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење
на батерија (ризик од краток спој).
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до
Вашето шпедитерско претпријатие.
Македонски
207
207
Mak

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

4745 35 02 0000014745 35 02 999999

Table des Matières