Bosch GCM 8 SDE Professional Notice Originale page 307

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 8 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 37
OBJ_BUCH-2303-005.book Page 307 Thursday, December 15, 2016 11:35 AM
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина 34 кон надвор.
– Притиснете на прекинувачот за блокада 9 и навалете го
кракот на алатот во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување 4 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 34.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што,
запците од листот на пилата ќе се израмнат со линијата
за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 42.
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на
линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на апаратот ќе се води надолу.
Bosch Power Tools
Поставување: (види слика S2)
– Свртете ја завртката за подесување 57 со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целокупната должина на линијата на сечење
на делот што се обработува.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 43.
– Притиснете го граничникот 46 сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
58 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 43.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 58.
Доколку показателот на агли 38 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 32, олабавете ја
завртката 59 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставка на стандарден агол на закосување 45°
(лево, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 15
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 304).
– Свртете го левиот граничник 31, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 43.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 8 налево,
додека завртката-граничник 60 не налегне на
граничникот 31.
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Македонски | 307
1 609 92A 34B | (15.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 m19 série

Table des Matières