Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale page 364

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 45
364 | Македонски
линијата на сечење на делот што се обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
– Свртете ја завртката за подесување (64) со клуч со
внатрешна шестаголна глава (18), додека левиот
ласерски зрак не го постигне истото растојание до
означената линија како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (27).
Подесување на паралелноста (види слика T4)
– Извадете го заштитното капаче на ласерот (27).
– Олабавете ја завртката за прицврстување (65) (околу
1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава
(18). Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци не дојдат
паралелно по целата должина на исцртаната линија за
сечење на делот за обработка.
– Држете ја монтажната плоча на ласерот во оваа
позиција и повторно затегнете ја завртката за
прицврстување (65).
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување (64).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (27).
Поставување на страничното отстапување при
движење на лизгачката рачка (види слика T5)
– Извадете го заштитното капаче на ласерот (27).
– Олабавете ја завртката за прицврстување (66) (околу
1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава
(18).
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на лизгачката рачка, повеќе не отстапуваат
странично.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување (64).
– Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување
(66).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (27).
1 609 92A 4CT | (20.07.2018)
Проверка и подесување на основните
поставки
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви
е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (38) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика U1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (38).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (40).
Подесување (види слика U2)
– Олабавете ја затезната рачка (13).
– Олабавете ги двете завртки за подесување (67)
(најмалку 1 вртење) со клуч за втиснување (10 mm).
– Олабавете ја завртката за подесување (69) (околу 3
вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4
mm) (17).
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување
(68) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm)
(17), додека кракот на аголното мерило не налегне по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (13).
Потоа прво затегнете ја завртката за подесување (69)
и потоа завртките за подесување (67).
Доколку агломерот (33) и (21) по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаките на скалата (32), олабавете ги
завртките за подесување на агломерот со крстест
одвртувач и израмнете го агломерот по должина на 0°-
ознаките.
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (38) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива
гранична водилка (5).
– Олабавете ја затезната рачка (13) и навалете ја
лизгачката рачка на дршката (1) до крај во лево (45°).
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (38).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (40).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières