Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale page 363

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 45
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја лизгачката рачка (28) нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика R)
За едноставно сечење на исти делови можете да го
користите граничникот за должина (36) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила (7).
– Олабавете ја завртката за блокирање (35) и
преклопете го граничникот за должина (36) над
завртката за затегање (62).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (35).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (7) на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата (види слика C)", Страница 359).
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика S)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб или да употребите дистанцер.
– Свртете го граничникот за длабочина (30) кон надвор.
– Навалете ја лизгачката рачка (28) на дршката (1) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (29), додека
крајот на завртката не го допре граничникот за
длабочинa (30).
– Полека водете ја лизгачката рачка (28) нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Обработка на профилни лајсни (подни и
плафонски лајсни)
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
Позиционирање
Подна лајсна
на делот што се
обработува
– поставени кон
граничната
водилка
– плоснато
лежејќи на
масата за пила
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Bosch Power Tools
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Подесување на ласерот
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги
проверите ласерските зраци по интензивно користење и
евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
лизгачката рачка) . Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (38) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика T1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу лизгачката рачка (28) со
дршката (1).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин
што, запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја лизгачката рачка полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (60).
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и
десната страна да бидат на исто растојание од означената
линија на сечење на делот за обработка, дури и кога
лизгачката рачка се поместува надолу.
Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види
слика T2)
Тавански лајсни
– Олабавете ги двете завртки (63) на заштитното капаче
на ласерот (27) со клуч со внатрешна шестаголна
глава (4 mm) (17).
Напомена: За да ја досегнете предната завртка на
заштитното капаче на ласерот, мора да ја навалите
лизгачката рачка малку надолу додека клучот со
внатрешна шестаголна глава не се вметне низ
процепот на осцилаторниот заштитен капак.
Подесување на прецизноста (види слика T3)
– Извадете го заштитното капаче на ласерот (27).
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
– Свртете ја завртката за подесување (64) со клуч со
внатрешна шестаголна глава (18), додека десниот
ласерски зрак не налегне на целокупната должина на
Македонски | 363
1 609 92A 4CT | (20.07.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières