Bosch GDB 180 WE Professional Notice Originale page 201

Masquer les pouces Voir aussi pour GDB 180 WE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
Приклучување на всисувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување (13) на канџестата
спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за всисување (15) од всисувачот за
мокро/суво всисување (види „Опрема/резервни
делови", Страница 203) коешто е прилагодено и
препорачано за овој систем на млазниците за
всисување (14).
Употреба
Промена на аголот на дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
По секое поместување на сталакот за дупчење,
u
повторно затегнете ги сите завртки.
Олабавете ја долната завртка (24) на поместувањето на
аголот на дупчење со вилушкаст клуч (ширина на клучот
17 mm) и извадете ја.
Олабавете ја горната завртка (21) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 17 mm).
Олабавете ја затегнувачката навртка (27) со вилушкаст
клуч (ширина на клучот 24 mm). Поставете го сталакот за
дупчалка на саканиот агол за дупчење.
Повторно затегнете ја затегнувачката навртка (27) со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 24 mm). Затегнете ја
горната завртка (21) со вилушкаст клуч (ширина на
клучот 17 mm).
Сталакот за дупчење може да го поставите дури
u
откако ќе ги затегнете затегнувачката навртка (27)
и завртката (21) за подесување на аголот.
По дупчењето, вратете го столбот на дупчалката (20)
повторно во вертикална положба (агол на дупчење од 0°)
постапувајќи по обратен редослед. За таа цел мора
Bosch Power Tools
повторно да ја ставите долната завртка (24) и да ја
затегнете со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред почетокот на работата повикајте го
u
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
При дупчење во ѕид или под, неопходно е да
u
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Проверка на функцијата на заштитниот уред за
диференцијална струја (PRCD)
Пред секој почеток на работата проверете го правилното
функционирање на заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) (16):
– Притиснете на копчето TEST на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Црвениот контролен приказ се гаси.
– Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат
мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако
ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при
вклучување на електричниот алат, електричниот алат
мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
Доколку заштитниот прекинувач за
u
диференцијална струја (PRCD) е дефектен,
електричниот алат не смее да се користи.
Вклучување
Притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач
за диференцијална струја (PRCD) (16).
Мокро дупчење: Поставете ја запорната славина за
вода (10) на проток.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете
го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување дополнително притиснете на
копчето за фиксирање (2).
Исклучување
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1). При фиксиран прекинувач за
вклучување/исклучување, најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Мокро дупчење: Затворете ја запорната славина за
вода (10). По завршување на работата извадете го
приклучниот елемент за славината (11) од доводот за
вода. Отворете ја запорната славина за вода (10) и
испуштете ја преостанатата вода.
Македонски | 201
1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcr 180 professional

Table des Matières