Опис На Производот И Перформансите; Наменета Употреба; Илустрација На Компоненти - Bosch GDB 180 WE Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GDB 180 WE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
Пред да ја ставите дупчалката, правилно
u
монтирајте го сталакот за дупчалка. Правилната
монтажа е важна, за да се овозможи беспрекорна
функција.
Прицврстете ја дупчалката на сталакот, пред да
u
почнете да ја користите. Испаѓањето на машината од
сталакот може да доведе до губење на контролата.
Прицврстете го сталакот на дупчалката на цврста,
u
рамна површина. Доколку постои можност сталакот
на дупчалката да се помести или ниша, сталакот на
дупчалката не може да се води рамномерно и
безбедно.
Држете го приклучниот кабел на дупчалката
u
подалеку од работното поле. Оштетениот или
свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Не го оптоварувајте сталакот на дупчалката и не ја
u
користете како скали или скеле. Преоптоварувањето
или стоењето на сталакот на дупчалката може да
доведе до тоа, тежиштето на сталакот на дупчалката да
се помести нагоре и тој да се преврти.
Сталаците за дупчалка кои не ги користите чувајте
u
ги подалеку од дофат на деца. Уредот не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не
ги имаат прочитано овие упатства. Уредите се
опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка
u
или дупчалката, во работните паузи, како и во
периодот кога не го употребувате сталакот за
дупчалка, прицврстете го со затегнување на
сопирачката за фиксирање заради заштита од
ненамерно движење.
Електричниот алат смее да се користи само на
u
струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно
димензионирање.
При работа секогаш прицврстувајте го стaлакот за
u
дупчење со типли или вакуум (опрема), за да
избегнете превртување на сталакот за дупчење при
поставена дијамантска дупчалка и крунеста
бургија.
Внимавајте цревата што спроведуваат вода,
u
местата на спојување и прстенот за собирање на
вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба.
Пред следната употреба, заменете ги оштетените
или изабени делови. Излегувањето на вода од
деловите на електричниот алат го зголемува ризикот
од електричен удар.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
Bosch Power Tools
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Пренослива дијамантска дупчалка GDB 180 WE +
GCR 180
Дијамантска дупчалка
Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон
и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и
довод за вода. Електричниот алат може да се комбинира
со уред за всисување (прстен за собирање на вода и
всисувач за суво/мокро всисување).
Електричниот алат е наменет за суво дупчење во цигли,
песочник, гас-бетон и плочки.
Електричниот алат смее да се користи само во
комбинација со сталак за дијамантска дупчалка GCR 180.
Не е дозволено работење над главата.
Сталак за дијамантска дупчалка
Сталакот за дијамантска дупчалка е наменет за прифат на
Bosch-дијамантски дупчалки GDB 180 WE. Не смеете да
ставате други уреди.
Сталакот за дијамантска дупчалка може да се постави на
подот или на ѕид со помош на типла.
Сталакот на дијамантската дупчалка може да се монтира
со помош на вакуум (опрема) на подот или (со
дополнителен елемент за прицврстување) на ѕид. Не е
дозволено прицврстување на плафон.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат и сталакот на графичките
страници.
Дијамантска дупчалка
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Либела за вертикално центрирање
(4) Либела за хоризонтално центрирање
(5) Прекинувач за избор на брзина
(6) Канџеста спојка
(7) Вретено за дупчење
A)
(8) Крунеста бургија
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Славина за прекин на вода
(11) Приклучен елемент за славината
(12) Адаптер за приклучокот за вода
(13) Адаптер за всисување
(14) Млазници за всисување
(15) Црево за издувни гасови
Македонски | 197
A)
A)
1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcr 180 professional

Table des Matières