Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GCM 12 SDE Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
160992A3UL_201801.book Page 325 Wednesday, January 10, 2018 1:52 PM
Поставување: (види слика X2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 66 со инбус
клучот (4 mm) 39 и свртете ја масата за пила 19 заедно
со скалата 28, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 26 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 28, олабавете ја
завртката 67 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика Y)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 6, доколку истата
е затегната. Извлечете го кракот на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 42 е
навален сосема наназад и дали завртката за
подесување 41 поминува низ отворот при движењето
на кракот на алатот без да го допира граничникот за
длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 68.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
11 или фатете го за жлебовите за држење 30 странично
на масата за пила.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Bosch Power Tools
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 17.
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со лист за пилата специјално развиен за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на листови за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на листот за пилата и електричниот
апарат
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Вреќичка за прав
Сет за прицврстување за сечење на
плафонски лајсни
Граничник за должина
Завртка за блокада, граничник за
должина
Листови за пилата за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Лист за пилата 305 x 30 мм, 72 запци
Листови за пила за пластика и неметали
Лист за пилата 305 x 30 мм, 96 запци
Листови за пила за сите видови ламинатни подови
Лист за пилата 305 x 30 мм, 96 запци
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонски | 325
Број на
дел/артикл
1 609 B02 585
1 609 B04 724
1 609 B05 010
1 600 A01 4LX
1 609 B02 365
1 609 B00 263
2 608 642 531
2 608 642 529
2 608 642 137
1 609 92A 3UL | (10.1.18)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières