Bosch GCM 12 SDE Professional Notice Originale page 320

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
160992A3UL_201801.book Page 320 Wednesday, January 10, 2018 1:52 PM
320 | Македонски
– Олабавете ја пеперутка-завртката 52 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Затегнете ја прачката со навој 51 и со неа фиксирајте го
делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 323).
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика I1)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 27:
лево
15°; 22,5°;
31,6°; 45°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 23, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 24 и свртете ја масата за пила 19 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика I2)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 23, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 24 и истовремено притиснете ја
стегата за фиксирање 22 додека таа не се вклопи во
жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 20 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 26 не го покаже
саканиот агол на закосување.
За агли на закосување над 45 °:
Целосно извлечете ги продолжетоците на масата за
пила 29 кон надвор (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 319).
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 23.
– За повторно да го олабавите лостот 24 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Стегата за фиксирање 22 скокнува назад во
првобитната позиција и лостот 24 може повторно да се
вклопи во жлебовите 27.
1 609 92A 3UL | (10.1.18)
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 323).
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во
еден опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 47°,
45°, 33,9° и 22,5°.
 При вертикално сечење со закосување и користење
на SDS-завртка 32 пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина, мора да се осигурате дека SDS-
завртките во ниеден момент нема да се допираат до
десно
површината на делот што се обработува (види
„Подесување на граничникот за длабочина",
15°; 22,5°;
страна 322). На тој начин се спречува оштетување на
31,6°; 45°; 60°
SDS-завртките и/или делот за обработка.
Подесување на левото подрачје на аголот на
закосување (види слика J1)
– Затегнете ја левата подеслива шина со граничник 2
сосема нанадвор (види „Поместување на граничната
водилка", страна 319).
– Олабавете го затегнувачкиот лост 8.
– Рачката на алатот навалете ја на дршката 13 лево
додека покажувачот на аголот 44 не го покажува
посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 8.
Подесување на вкупното подрачје на аголот на
закосување (види слика J2)
– Извлечете го граничникот 45 сосема нанапред.
Притоа можете да го користите целото подрачје на
аголот на закосување (лево и десно).
– Затегнете ја десната подеслива шина на граничникот 2
сосема нанадвор одн. отстранете ја целосно (види
„Поместување на граничната водилка", страна 319).
Доколку сакате да го користите целото подрачје на
аголот на закосување, левата подеслива шина со
граничник 2 мора да ја извлечете целосно нанадвор
одн. целосно да ја отстраните.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 8.
– Рачката на алатот навалете ја на дршката 13 лево или
десно, се додека покажувачот на аголот 44 или 5 не го
покажува посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 8.
Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика J3)
Стандарден агол на закосување 0°:
– Навалете го кракот на алатот на дршката 13 малку
налево и притиснете го граничникот 45 целосно
наназад.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières