Télécharger Imprimer la page

Bosch GCM 254 D Professional Notice Originale page 314

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 254 D Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
314 | Македонски
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°.
Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-
позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-
позицијата.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
Проверка (види слика T1)
– Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 90°
на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата
за пилата (29) и сечилото за пилата на масата за
пилата (29).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (49) по целата должина.
Подесување (види слика T2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (63) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
– Завртете ја завртката-граничник (63) навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (62)
не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (63).
Доколку по подесувањето, агломерот (55) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (56) олабавете ја завртката (65)
со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката (види слика W).
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45° (десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°.
Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (19).
– Свртете го десниот граничник (41) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го копчето за подесување (21) кон лево и
навалете ја рачката на алатот со дршката (5) до крај
кон десно.
Проверка (види слика U1)
– Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 45°
на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата
за пилата (29) и сечилото за пилата десно на масата за
пилата.
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (49) по целата должина.
1 609 92A 9G4 | (18.01.2024)
Подесување (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (40) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
– Завртете ја завртката-граничник (40) навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (62)
не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (40).
Доколку агломерот (55) по подесувањето не е во иста
линија со 45° ознаката на скалата (56), најпрво
проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е
затегнато.
– Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и
вртете ја масата за пила (29) до жлебот (15) за 0°.
– Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11).
Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
– Отстранете ги подесливите гранични водилки (19).
Проверка (види слика V1)
– Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 90°
на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу
граничната водилка (18) и сечилото за пилата на
масата за пилата (29).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со граничната водилка по целата должина.
Подесување (види слика V2)
– Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна
глава (64) со испорачаниот внатрешен шестаголен
клуч (24).
– Свртете ја граничната водилка (18) додека аголниот
триаголник не лежи прецизно по целата должина.
– Повторно затегнете ги завртките.
Израмнување на агломерот (вертикално) (види
слика W)
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-
позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-
позицијата.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
Проверка
Агломерот (55) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (56).
Подесување
– Олабавете ја завртката (65) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Bosch Power Tools

Publicité

loading