Télécharger Imprimer la page

Bosch GKS Professional Notice Originale page 167

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-2470-001.book Page 167 Monday, April 13, 2015 9:11 AM
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 24 на исфрлувачот
на струготини 16 додека не се вклопи. Обезбедете го
адаптерот за вшмукување 24 дополнително со завртка 23.
На адаптерот за вшмукување 24 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 mm.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 24 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Bosch Power Tools
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 25. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 14, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 14.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
25.
Затезната сила на затезниот лост 25 може дополнително
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 25 и
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 1.
Олабавете ги пеперутка-навртките 7 и 15. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 6. Повторно затегнете ги пеперутка-навртките 7 и
15.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 26.
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° 10 ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° 9 ја прикажува позицијата на листот од пилата
при 45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
3 601 EA2 0K./3 601 EA2 0L./3 601 EA2 0F.:
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
3 и држете го притиснат.
Македонски | 167
45
0
1 619 P13 216 | (13.4.15)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks 235 turboGks 9