Télécharger Imprimer la page

Bosch GLM 40 Professional Notice Originale page 555

Masquer les pouces Voir aussi pour GLM 40 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-1222-007.book Page 102 Monday, September 5, 2016 4:56 PM
102 | Македонски
Напомени: Со режимот на работа „Сува градба" покрај
дрвените и металните објекти, како и кабли коишто
спроведуваат струја, ќе се прикажат и други објекти, на
пр. пластични цевки со вода. На екранот 3 за овие објекти
ќе се појави приказот c за неметални објекти
Шајките и завртките во подлогата може да доведат до тоа,
дрвените греди да се прикажат како метални објекти.
Доколку екранот 3 покажува трајно, високо отчукување на
мерните прикази i и j, стартувајте го мерниот процес
одново, при што сега мерниот уред ќе го поставите на
друго место на подлогата.
Доколку светлечкиот прстен 1 не сигнализира
подготвеност за мерење при поставувањето на подлогата
којашто треба да се пребара, можно е мерниот уред да не
ја препознава правилно подлогата.
– Притискајте на копчето 10, додека светлечкиот прстен
не засвети зелено.
– Откако ќе стартувате нов мерен процес и ќе го
поставите мерниот уред на друг ѕид, мора кратко да
притиснете на копчето 10.
– Во ретки случаи мерниот уред може да не ја препознае
подлогата, бидејќи страната со полето на сензорот 12 и
спецификационата плочка 13 е извалкана. Исчистете
го мерниот уред со сува, мека крпа и одново
стартувајте го мерниот процес.
Метал
Режимот на работа „Метал" е погоден за пронаоѓање на
магнетизирани и немагнетизирани објекти независно од
составот на ѕидот.
Притиснете го копчето 9, за да го активирате режимот на
работа „Метал". Светлечкиот прстен 1 и приказот 4 на
копчето 9 светат зелено.
Доколку пронајдениот метален објект е магнетизиран
метал (на пр. железо), на екранот 3 ќе се прикаже
ознаката e. Кај немагнетизираните метали ќе се прикаже
ознаката d. Заради разликување на видовите метал,
мерниот уред мора да се наоѓа над пронајдениот метален
објект (прстенот 1 свети црвено).
Напомена: Доколку во подлогата има челична арматура и
армирано железо, над целата површина ќе се прикаже
отчукување во мерниот приказ i. Вообичаено при челична
арматура којашто е директно над железни прачки, на
екранот се појавува ознаката e за магнетизирани метали,
помеѓу железните прачки се појавува ознаката d за
немагнетизирани метали.
Струен кабел
Режимот на работа „Струен кабел" е исклучиво погоден
за пронаоѓање на кабли коишто спроведуваат струја
110–230 V).
Притиснете го копчето 8, за да го активирате режимот на
работа „Струен кабел". Светлечкиот прстен 1 и приказот
4 на копчето 8 светат зелено.
Доколку се пронајде кабел што спроведува струја, на
екранот 3 се појавува приказот f. Повторете го движењето
над површината со мерниот уред, за поточно да ги
лоцирате струјните кабли. По повеќекратно поминување
со уредот над површината, струјниот кабел ќе се прикаже
1 609 92A 270 | (5.9.16)
многу прецизно. Доколку мерниот уред е многу блиску до
кабелот, светлечкиот прстен 1 трепка црвено и се слуша
забрзан сигнален тон.
Напомени:
– Струјните спроводници се прикажуваат во секој режим
на работа.
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (напр.
светла, уреди) доколку истите се приклучени и
вклучени на кабелот што се бара.
– Под одредени околности (како напр. зад метални
површини или зад површини со голема содржина на
вода) струјните кабли не може да се пронајдат со
сигурност. Јачината на сигналот за струјните
спроводници зависи од положбата на кабелот. Затоа
проверете со дополнителни мерења во близина или
преку други извори на информации, дали постојат
струјни спроводници.
– Каблите коишто не спроведуваат струја може да ги
пронајдете како метални објекти со режимот на работа
„Метал". Притоа жичаните кабли нема да се прикажат
(за разлика од каблите од тврд материјал).
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа,
каблите да се прикажат непрецизно, на пр. преку
поголем простор или воопшто да не се прикажат. За да
го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја
вашата слободна дланка покрај мерниот уред на ѕидот,
за да создадете статички електрицитет.
Совети при работењето
 Мерните резултати може да бидат нарушени поради
одредени околности и услови. Овде спаѓаат напр.
близина на уреди, кои создаваат јаки електрични,
магнетни или електромагнетни полиња, влага,
градежни материјали што содржат метал,
изолациони материјали со каширана фолија како и
спроводливи тапети и плочки. Затоа, пред
дупчењето, сечењето или глодањето во ѕидови,
плафони или подови, проверете и други извори на
информации (напр. градежни планови).
Обележување на објекти
По потреба, може да го обележите пронајдениот објект.
Мерете на вообичаениот режим. Доколку сте ги пронашле
границите или средината на металниот објект, означете го
лоцираното место со отворите за означување 2.
Контрола на температурата
Мерниот уред е опремен со контрола на температурата,
бидејќи прецизното мерење е возможно само доколку
температурата во внатрешноста на мерниот уред е
константна
Доколку светне приказот Контрола на температурата g,
мерниот уред се наоѓа надвор од границите на
дозволената работна температура или бил изложен на јаки
температурни разлики. Исклучете го мерниот уред и
оставете го најпрво да се темперира, пред повторно да
го вклучите.
Bosch Power Tools

Publicité

loading