Одржување И Сервис - Bosch GCL 25 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCL 25:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
OBJ_BUCH-1546-004.book Page 125 Wednesday, March 2, 2016 2:10 PM
Прицврстете со универзален држач (опрема)
Со помош на универзален држач 15 може да го приц-
врстите мерниот уред напр. на вертикални површини,
цевки или магнетизирани материјали. Универзалниот
држач и исто така погоден и како поден статив и го
олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 15, пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики A–B)
Со помош на мерната плоча 14 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча 14 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот 13 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
13 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики C – F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Измерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак
одн.ласерската линија и површината или работ секогаш на
две точки коишто лежат што е можно подалеку една од
друга (напр. со мерна плоча 14).
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
испорачаниот куфер.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во куферот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или искористените
батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Се задржува правото на промена.
www.geooptic.ru
Македонски | 125
1 609 92A 25C | (2.3.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcl 25 professional

Table des Matières