Télécharger Imprimer la page

Bosch GML 20 Professional Notice Originale page 171

Masquer les pouces Voir aussi pour GML 20 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-1181-004.book Page 171 Tuesday, April 19, 2016 1:24 PM
Употреба
 Заштитете го радио апаратот за градилиште од влага
и директно сончево зрачење.
Аудио режим (види ги сликите B и C)
Вклучување/исклучување на аудио режим
За вклучување на аудио режимот (радио и надворешни
уреди за репродукција) притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 26. Екранот 27 ќе се активира и
ќе го репродуцира аудио изворот поставен при послед-
ното исклучување на радио апаратот за градилиште.
Доколку радио апаратот за градилиште е во режим на
заштеда на енергија (види „Режим за заштеда на
енергија", страна 174), за да го вклучите аудио режимот
притиснете два пати на копчето за вклучување-
исклучување 26.
За исклучување на аудио режимот одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 26. Ќе се зачува
моменталната поставка на аудио изворот.
За да заштедите енергија, вклучувајте го радио апаратот
за градилиште само доколку го користите.
Подесување на гласноста
За да ја зголемите гласноста свртете го ротационото копче
„Volume" 25 во правец на стрелките од часовникот, а за
намалување на гласноста свртете го ротационото копче во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста (вредност помеѓу 0 и 20) се
појавува неколку секунди на приказот d на екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радио апаратот за
градилиште има вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените рачно
или да ги користите претходните подесувања на бојата на
тонот за различни стилови музика. Може да ги изберете
претходно програмираните поставки „JAZZ", „ROCK",
„POP" и „CLASSICAL" како и самопрограмирачката
поставка „CUSTOM".
За да ги изберете зачуваните претходни подесувања за
бојата на тонот, притискајте на копчето за избор на
претходни подесувања за бојата на тонот „Equalizer" 15,
додека не се појави саканата поставка на приказот a на
екранот.
Промена на поставката „CUSTOM":
– Притиснете еднаш на копчето за рачно подесување на
бојата на тонот „Custom" 17. На екранот трепкаат
приказот „BAS" c и на приказот d зачуваната вредност
на нивото на бас.
– Поставете го саканото ниво на бас (вредност помеѓу 0 и
10). За да го зголемите нивото на бас свртете го
ротационото копче „Bass/Treb" 25 во правец на
стрелките на часовникот, а за да го намалите свртете го
во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Bosch Power Tools
– За зачувување на поставеното ниво на бас притиснете на
копчето за рачно подесување на бојата на тонот
„Custom" 17 по втор пат. На екранот трепкаат приказот
„TRE" b за следната поставка на нивото на висок тон, а на
приказот d зачуваната вредност на нивото на висок тон.
– Поставете го саканото ниво на висок тон (вредност
помеѓу 0 и 10). За да го зголемите нивото на висок тон
свртете го ротационото копче „Bass/Treb" 25 во
правец на стрелките на часовникот, а за да го намалите
свртете го во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
– За зачувување на поставеното ниво на висок тон
притиснете на копчето за рачно подесување на бојата
на тонот „Custom" 17 по трет пат.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source"
22, додека на екранот не се појави приказот m за саканиот
внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување
на радио станицата", страна 171) одн. надворешен аудио
извор (види „Приклучување на надворешни аудио
извори", страна 172):
– „FM": радио преку UKW,
– „AM": радио преку MW,
– „AUX 1": надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 28 на надворешната страна,
– „AUX 2": надворешен аудио извор (на пр. MP3-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 35 во преградата за медиумски
датотеки,
– „USB": надворешен аудио извор (на пр. USB-стик)
преку USB-отвор 33,
– „SD": надворешен аудио извор (SD-/MMC-картичка)
преку SD-/MMC-приклучно место 34.
Подесување на стапчестата антена
Радио апаратот за градилиште се испорачува со
монтирана стапчеста антена 10. За време на работата на
радиото свртете ја антената во правецот, којшто
овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радио апаратот
за градилиште на место со подобар прием.
Напомена: При работа на радио апаратот за градилиште
во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди
или други електронски уреди може да дојде до
попречување на радио приемот.
Доколку стапчестата антена 10 се олабави, тогаш
затегнете ја директно на куќиштето во правец на стрелките
од часовникот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source"
22, додека на приказот не се појави m „FM" за приемното
поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM" за приемното
поле средни бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција
свртете го ротационото копче „Tune" 19 во правец на
стрелките од часовникот, за да ја зголемите
фреквенцијата, одн. во правец спротивен на стрелките од
часовникот, за да ја намалите фреквенцијата. За време на
Македонски | 171
1 609 92A 2NE | (19.4.16)

Publicité

loading