Télécharger Imprimer la page

Bosch GML 20 Professional Notice Originale page 168

Masquer les pouces Voir aussi pour GML 20 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-1181-004.book Page 168 Tuesday, April 19, 2016 1:24 PM
168 | Македонски
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
 Приклучокот на радио апаратот за градилиште мора
да одговара на приклучницата. Приклучокот во
никој случај не смее да се менува. Не користете
адаптерски приклучоци во комбинација со
заземјениот радио апарат за градилиште.
Неменувањето на прекинувачот и соодветните при-
клучници го намалуваат ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, на пр. за
да го носите радио апаратот за градилиште, за да го
закачите или да го извлечете приклучокот од
приклучницата. Држете го кабелот понастрана од
топлина, масло, остри рабови или подвижните
компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
 Целосно одвиткајте го мрежниот кабел, доколку го
користите радио апаратот со мрежен приклучок.
Инаку мрежниот кабел може да се загрее.
 Мрежниот приклучок треба да биде достапен за
извлекување во било кое време. Мрежниот
приклучок претставува единствена можност да го
исклучите радио апаратот за градилиште од струјната
мрежа.
 Доколку со радио апаратот за градилиште работите
на отворено, користете само продолжен кабел што
може да се користи во надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето радио апаратот за
градилиште во влажна околина не може да се
избегне, користете заштитен уред со диференцијал-
на струја. Употребата на заштитниот уред со диферен-
цијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
 Приклучете го радио апаратот на правилно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Држете го радио апаратот за градилиште
подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на
вода во радио апаратот за градилиште го
зголемува ризикот од електричен удар.
 Одржувајте ја чистотата на радио апаратот за
градилиште. Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
 Пред секоја употреба проверете ги радио апаратот
за градилиште, кабелот и приклучокот. Не го
користете радио апаратот за градилиште доколку
забележите оштетувања. Не го отворајте сами
радио апаратот за градилиште и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетените радио апарати за градилиште, кабел и
приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
1 609 92A 2NE | (19.4.16)
 Овој радио апарат за градилиште не е предвиден за
користење од страна на деца и лица со намалени
психички, физички или ментални способности или
недоволно искуство и знаење. Овој радио апарат за
градилиште може да го користат деца над 8 години,
како и лица со намалени физички, сензорни и
ментални способности или недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со радиото и ги разбираат опасностите
кои може да произлезат од истото. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и повреди.
 За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио
апаратот за градилиште.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Батеријата користете ја само заедно со Вашиот
радио апарат за градилиште и/или електричен
апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио апаратот
за градилиште.
Bosch Power Tools

Publicité

loading