Македонски - Bosch GAS 50 M Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 50 M Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-877-007.book Page 135 Monday, August 11, 2014 11:47 AM
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Овој вшмукувач не е предвиден
за употреба од страна на деца и
лица со ограничени физички,
сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење.
Овој вшмукувач може да го
користат деца над 8 години и лица
со ограничени физички,
сензорни или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор на лице одговорно за
нивната безбедност или се
упатени за безбедно ракување со
вшмукувачот и ги разбираат
опасностите што може да
произлезат. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
Не ги оставајте децата без
надзор. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со
вшмукувачот.
Не ги оставајте децата без надзор
за време на чистењето или
одржувањето на вшмукувачот.
 Не вшмукувајте материјали што содржат азбест.
Азбестот важи како канцероген.
Вшмукувачот користете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
само доколку имате
доволно информации за негово користење, за
материјалот што се вшмукува и за негово безбедно
отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат
опасноста од погрешна употреба и повреди.
Bosch Power Tools
Вшмукувачот е наменет за
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
вшмукување на суви
материјали, а со соодветни дополнителни мерки и за
вшмукување на течности. Навлегувањето на течности во
електричниот уред го зголемува ризикот од електричен
удар.
 Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
Конекторот користете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
само за целите утврдени
во упатството за употреба.
Веднаш исклучете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
вшмукувачот, доколку
почне да излегува пена или вода и испразнете го
контејнерот. Инаку вшмукувачот може да се оштети.
Вшмукувачот смее да се користи и
ВНИМАНИЕ
чува само во внатрешен простор.
Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Редовно чистете ги сензорите за
ВНИМАНИЕ
ниво на течност и проверете дали
се оштетени. Инаку функцијата може да се наруши.
 Доколку користењето на вшмукувачот во влажна
околина не може да се избегне, користете заштитен
уред со диференцијална струја. Употребата на
заштитниот уред со диференцијална струја го намалува
ризикот од електричен удар.
 Приклучете го вшмукувачот на прописно заземјена
струјна мрежа. Конекторот и продолжниот кабел мора
да имаат функционален заштитен проводник.
 Пред секое користење, проверете го вшмукувачот,
кабелот и приклучокот. Не го користете
вшмукувачот, доколку приметите оштетувања. Не
го отворајте сами вшмукувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот вшмукувач, кабел и приклучок го
зголемува ризикот за електричен удар.
 Не го прегазувајте или гмечете кабелот. Не го
тегнете кабелот за да го извадите приклучокот од
конекторот или за влечење на вшмукувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
 Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на вшмукувачот.
 Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Македонски | 135
1 609 92A 0XD | (11.8.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières