Bosch GAS 50 M Professional Notice Originale page 139

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 50 M Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-877-007.book Page 139 Monday, August 11, 2014 11:47 AM
Во начинот на работа ENT со далечинска автоматика
електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
вшмукувачот и овозможува работа на 16-A-осигурувач.
Електромагнетско чистење на филтерот
Уредот е опремен со електромагнетско чистење на
филтерот, што го чисти набраниот филтер 18 од
насобраната прашина .
Подоцна, откако јачината на вшмукување ќе се намали,
филтерот мора да се исчисти.
Прекинувачот за избор на начинот на работа 6 поставете
го на ознаката Електромагнетско чистење на филтерот.
Доколку електричниот апарат е вклучен, ќе мора да го
исклучите.
Вшмукувачот вибрира околу 10 секунди и автоматски се
исклучува.
Почекајте кратко пред повторно да го употребите
вшмукувачот, за да може правта да стигне до контејнерот.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и
количината на правта. Со редовна употреба,
максималниот капацитет подолго се задржува.
Вшмукување на влажни материјали
 Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
 Вшмукувачот не смее да се користи како водена
пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на
воздушни и водени мешавини.
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
Напомена: Пред вшмукување на влажни материјали
извадете ја вреќичката за прав 17 испразнете го
контејнерот 11.
Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на
наполнетост 20. Доколку се достигне максималното ниво
на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот
за избор на начинот на работа 6 поставете го на off.
По вшмукувањето извадете го набраниот филтер 18 за да
избегнете насобирање на мувла и оставете го да се исуши
или извадете го горниот дел на вшмукувачот 3 и оставете
го да се исуши.
Можности за примена
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m
– Прав од минерални суровини со алуминиум хидроксид
– Графитна прав
– Алуминиумска прав
– Хартиена прав
– Прав од саѓи
Bosch Power Tools
– Пудреста прав
– Полиуретанска прав
– GFK-прав на база на епоксидна смола, погледни ги
безбедносните табеларни податоци на производителот
– CFK-прав на база на епоксидна смола, погледни ги
безбедносните табеларни податоци на производителот
– Прав од лак без канцерогени состојки
– Прав од дрво
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај вшмукувачите од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите
извалкани делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат
во непропустливи кеси во согласност со важечките
одредби за отстранување на ваков отпад.
За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот
мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира вшмукувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте
работеле.
3
Македонски | 139
1 609 92A 0XD | (11.8.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières