Bosch 0 607 451 600 Notice Originale page 262

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
OBJ_BUCH-1663-004.book Page 262 Wednesday, November 23, 2016 10:53 AM
262 | Македонски
Монтажа
Уреди за безбедно ракување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Проверете дали дополнителната дршка или уредот за
затегање цврсто го држи пневматскиот алат.
Не затегајте надвор од границите.
Уред за закачување
0 607 452 60./... 453 62./... 457 60.
Со обрачот за закачување 14 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
– Ставете го обрачот за закачување 14 во полето за
затегање 8.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Уред за затегање/Лост за регулирање на вртежниот
момент
 При високи вртежни моменти потребна е голема
сила за придржување. Со уредот за затегање оваа
спротивна сила може подобро да се контролира.
– Во дадените граници на затегање 8 пневматскиот алат
може да го зацврстите во уред за затегнување одн. со
лост за регулирање на вртежниот момент.
Доколку е возможно користете го целото поле на
затегање. Колку се помали границите на затегање,
толку појака ќе биде моќта на затегање.
Дополнителна дршка
– Вметнете ја дополнителната дршка 7 во полето на
затегање 8.
Дополнителната дршка 7 може да ја вртите по желба, за да
си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка во правец спротивен на
стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 7 во саканата позиција. Потоа свртете ја
пеперутка-завртката повторно во правец на стрелките
на часовникот.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Централен воздуховод (види слика A)
– Олабавете го држачот за 17 цревото за довод на воздух
16, и зацврстете го цревото за довод на воздух на
спојницата за црево 11, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
1 609 92A 37H | (23.11.16)
– Вметнете го цревото за одвод на воздух (централно)
18, кој го одведува издувниот воздух од вашето
работно место, над цревото за довод на воздух 16.
Потоа приклучете го пневматскиот алат на
напојувањето со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 262) и навлечете го
цревото за одвод на воздух (централно) 18 преку
цревото за довод на воздух на крајот од уредот.
Децентрализиран воздуховод (види слика B)
0 607 457 60.
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 13, и
заменете го со спојница за црево 11.
– Олабавете го држачот за 17 цревото за одвод на воздух
19, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 11, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
– Пред приклучувањето на напојување со воздух за
пневматските алати, повеќепати активирајте го лостот 9
со стартот за лост.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика C)
– Зашрафете спојница за црево 11 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 12.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 11 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 12 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 17 цревото за довод на
воздух 16, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 11, при што ќе го зацврстите
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières