Bosch GAS 35 H AFC Professional Notice Originale page 221

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 H AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
избрана поставката, се овозможува
доволен пренос на правта.
– За ставање во употреба на всисувачот приклучете го
приклучениот електричен алат на приклучницата (5).
Всисувачот автоматски почува со работа.
– Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да
заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп
автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди,
за да ја всиса останатата прав од цревото за
всисување.
– За да го исклучите всисувачот,
поставете го прекинувачот за
избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Исклучување".
Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување,
мора да го проверите всисувачот како што е опишано во
делот „Отстранување на пречки".
Всисување на влажни материи
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Напомена: барањата за степен на пропустливост (класа
на прав H) се утврдени само за всисување на суви
материјали.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (27)или
безбедносната филтер вреќичка (26).
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на
мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена
филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од
цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента (30) во подната млазница
(32).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот
(AFC).
Всисување на течности
– За да го вклучите всисувачот прекинувачот за
избирање на режим на работа (7) поставете го на
ознаката „Всисување".
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост
(40). Доколку се достигне максималното ниво на
наполнетост, всисувачот се исклучува. Прекинувачот за
избор на начинот на работа (7) поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали
(на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и
Bosch Power Tools
маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да
се проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при всисувањето на влажни материи се слушне
акустичен сигнал за предупредување, безбедноста на
функцијата на всисувачот не е нарушена. Нема потреба
од мерки за отстранување на пречките.
– За да го исклучите всисувачот, поставете го
прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Исклучување".
– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2)
на прифатот на цревото (3).
– Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи:
– Извадете го набраниот филтер (28) и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (12), отворете
го поклопецот на филтерот (39) и оставете ги добро да
се осушат.
Автоматско чистење на филтерот (види слика
H)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
филтер (28) ќе се чисти на секои 15 секунди со
воздушен млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го автоматското чистење на филтерот само
во исклучителни случаи, на пр. при всисување на чисти
течности или при користење на безбедносна филтер
вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– AFC деактивиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (37) се гаси.
– AFC активиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (37) свети зелено.
Македонски | 221
1 609 92A 71M | (01.12.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 jc3 6603 601 jc3 670

Table des Matières