Bosch GAS 35 H AFC Professional Notice Originale page 220

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 H AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
220 | Македонски
– Извадете ги четките (31) со соодветен алат од подната
млазница (32).
– Поставете ја гумената лента (30) во подната
млазница (32).
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика F)
– Прикачете ја L-Boxx на држачите (11).
За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на всисувачот и/или
електричниот алат, може да прикачите L-BOXX на горниот
дел од всисувачот.
Не го носете всисувачот на рачката за носење на
u
прикачениот L-BOXX. Всисувачот е претежок за
рачките за носење на L-BOXX. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Кога ракувате со всисувачот, проверете дали се
блокирани тркалцата за блокирање на всисувачот, за да
се заштити всисувачот од ненамерно тркалање.
Тестирајте ги тркалцата пред работење со соодветната
подлога.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
Информирајте се за важечките одредби/закони во
u
Вашата земја во однос на постапувањето со
честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност < 0,1 mg/m
Во основа, всисувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување
мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за
всисување (25) од горниот дел на всисувачот (12).
Всисување на суви материјали
Всисување на наталожена прав
– Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на
дијаметарот на цревото.
– За да го вклучите всисувачот
прекинувачот за избор на начин на работа
(7) поставете го на ознаката „Всисување".
1 609 92A 71M | (01.12.2021)
– За да го исклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за избирање на режим на
работа (7) на ознаката „Исклучување".
Всисувачот е опремен со контрола на волуменскиот
проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно
поставена на режимот на работа „Всисување" на
вредност од 20 m/s, независно од позицијата на
регулаторот на волуменскиот проток (6).
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради
насобрана нечистотија во цревото за всисување, полна
безбедносна филтер вреќичка или вметнат набран
филтер, се слуша звучен сигнал за предупредување. Во
тој случај, исклучете го всисувачот и проверете го како
што е опишано во делот „Отстранување на пречките".
Всисување на правта што се создава додека работат
електричните алати (види слика G)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
u
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се
враќа во просторијата. Внимавајте на односните
прописи во земјата.
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (5). Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ
на електричниот алат што се приклучува.
За да се овозможи доволен пренос на правта до местото
на всисување, не треба да се пречекори најмалиот
волуменски проток за приклучениот електричен алат.
Дијаметар на цревото
35 mm
22 mm
15 mm
– Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на
дијаметарот на цревото.
– Монтирајте го адаптерот за всисување (23).
– Вметнете го адаптерот за всисување (23) во
млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: при работење со електрични алати, чијшто
довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр.
убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот
3
за непотребен воздух (36) на адаптерот за
всисување (23). Само на тој начин полуавтоматското
чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен
воздух (36) додека не се појави максимален отвор.
– За приклучување на Старт/Стоп-
автоматиката на всисувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
режим на работа (7) на ознаката
„Старт/Стоп-автоматика".
При овој режим на работа,
волуменскиот проток електронски се
контролира согласно позицијата на
регулаторот (6). Доколку е правилно
Поставена вредност за
волуменски проток
3
57,9 m
/h
3
41,2 m
/h
3
12,7 m
/h
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 jc3 6603 601 jc3 670

Table des Matières