Bosch PMF Universal Serie Notice Originale page 163

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-2472-003.book Page 163 Monday, November 16, 2015 12:29 PM
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
За вадење на вшмукувачот за прав 16 свртете го шрафот
за прицврстување 15 во позиција
вшмукувачот за прав од погонската глава на електричниот
апарат.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 2 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти
материјали како на пр. дрво или метал се препорачува
степен за број на осцилации „6" , а за меки материјали како
на пр. пластика степен на број на осцилации „4".
Совети при работењето
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација 3 на
електричниот апарат за време на работата, инаку се
намалува рокот на употреба на електричниот апарат.
При работење со HCS-алати, проверете дали слојот на
алатот е оштетен.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 21000 пати по минута 2,8°. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работниот учинок ќе се влоши и
алатот што се вметнува може да се
блокира.
Bosch Power Tools
и извлечете го
Сечење
 Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
 Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални
листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на ѕидни плочки внимавајте на
тоа дека електричните апарати се изабуваат по
долготрајна употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
За прецизно брусење на ќошеви, рабови и тешко
достапни места може да работите со врвот или еден раб од
основната брусна плоча.
При селективно брусење брусниот лист може многу да се
затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на
површината и оставајте го брусниот лист да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
При брусењето секогаш приклучете го вшмукувачот за
прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на
осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и
намален притисок на површината. Инаку стругачот може
да ја исече подлогата.
Македонски | 163
За време на работата движете го
електричниот апарат напред-назад, за да
не се загрее премногу алатот што се
вметнува и да не се блокира.
1 609 92A 1PP | (16.11.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pmf 1800 e universal

Table des Matières