Milwaukee AG 13-125 XSPD Notice Originale page 142

Masquer les pouces Voir aussi pour AG 13-125 XSPD:
Table des Matières

Publicité

Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот
во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат
исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете
да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за
да можете да имате максимална можна контрола над
силите од повратниот удар или на моментите на реакција
при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
Mak
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. При повратен удар, приборот може да ви
помине преку раката.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или
запчаници. Таквите орудија за примена честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз
електро-орудието.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење
што се одобрени за вашиот електро-алат како и
заштитната капа што е предвидена за таквите алати
за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за
електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се
несигурни.
b) На косо сечени листови за стружење мора да бидат
монтирани на тој начин што нивната површина за
стружење нема да излегува надвор од нивото на работ на
заштитната хауба.  Нестручно монтиран диск за стружење кој
што излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба не
може да биде доволно заштитен.
c) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена
на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се
постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи
најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитникот помага да се заштити операторот од
скршени парчиња од дискот, случаен контакт со дискот и искри
кои би можеле да ја запалат облеката.
Македонски
138
138
d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само
за препорачаните можности за употреба. На пример:
никогаш не брусење со страничната површина од диск за
делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз
овие тела за брусење може да ги скрши истите.
e) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот
за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на
дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се
разликуваат од фланшите за други дискови за брусење.
f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
a) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен
удар или за кршење на телото за брусење.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за
обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар
електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно
кон вас.
c) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
d) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка
или да предизвика повратен удар.
e) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на својата
тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.
f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Agv 13-125 xspdeAgv 13-115 xspde

Table des Matières