Télécharger Imprimer la page

Автомат За Мраз - LG GSX960NEAZ Manuel Du Propriétaire

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 435
НАПОМЕНА
• Ако ја отворите вратата на замрзнувачот
додека истекува вода, снабдувањето со вода ќе
се прекине, а контролната табла ќе се врати на
првиот приказ.
• Ако ја отворите вратата на фрижидерот додека
истекува вода, коцки мраз или кршен мраз,
функцијата ќе се паузира. Кога ја затворате
вратата, избраната ставка за претходно
поставениот режим ќе продолжи да се
применува.
• Ако оквирот на шолјата е мал, водата може да
се разлее надвор од чашата или целосно да ја
промаши.
• Користете шолја со дијаметар од 68 mm кога
истекувате вода, коцки мраз или кршен мраз.
• Кога автоматот за мраз произведува помали
коцки мраз, или коцките се залепуваат едни
со други, количината вода што се испорачува
во автоматот за мраз може да е мала поради
недоволно вода во резервоарот на диспензерот
за вода. Ако не се користи мраз често, коцките
може да се залепат.
Автомат за мраз
Автоматот за мраз може автоматски да прави
6 коцки истовремено, 50~60 парчиња во
период од 24 часа, ако се поволни условите.
Оваа количина може да варира во зависност
од околината (температура во околината на
апаратот, фреквенцијата на отворање на вратата,
количината храна што се чува во апаратот итн.).
• Ако корпата за мраз е целосно полна со мраз,
производството на мраз ќе се прекине.
• Звукот на паѓање на мразот во корпата е
нормален.
• Автоматот за мраз произведува мраз нормално
откако ќе поминат околу 48 часа од првичното
инсталирање на апаратот.
• Фрлете го првиот произведен мраз без да го
употребите.
• Кога автоматот за мраз е во функција, не
допирајте го со раце директно.
• Ако коцките мраз се чуваат во корпата за
мраз подолг период, тие може да се залепат
и да не можат лесно да се одвојат. Во таков
случај, исчистете ја корпата за мраз пред да ја
употребувате.
Вклучување и исклучување на
Автоматот за мраз.
1
Држете го и извадете го капакот на автоматот
за мраз подигајќи го нагоре.
2
Кога автоматот за мраз не се користи,
корпата за мраз може да се користи како
корпа за замрзнување по ставање на
прекинувачот на автоматот за мраз на
позиција исклучено.
МК
29

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsj960nsbz