Télécharger Imprimer la page

Напомени За Работењето - LG GSX960NEAZ Manuel Du Propriétaire

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 435
Напомени за работењето
• Не користете го резервоарот на диспензерот
за ладна вода за пијалаци освен за вода за
пиење.
• Корисниците треба да имаат предвид дека
може да се формира мраз ако вратата не е
целосно затворена, ако влажноста е многу
висока во текот на летото или ако вратата на
замрзнувачот се отвора многу често.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува на полицата и корпата на
вратата за да овозможите вратата целосно да
се затвора.
• Отворањето на вратата овозможува
навлегување топол воздух во апаратот и може
да предизвика покачување на внатрешната
температура.
• Не отворајте ја и не затворајте ја вратата на
апаратот прекумерно.
• LED светилката е наменета само за уптореба
во апарати за домаќинство и не е погодна за
осветлување на простории.
Предлози за заштеда на енергија
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува. Ова овозможува ладниот
воздух да циркулира рамномерно, а со тоа и
сметките за струја да бидат пониски.
• Топлата храна може да ја ставите во
фрижидер, само откако ќе се излади, за да
спречите формирање роса или мраз.
• Кога чувате некаков уред во замрзнувачот,
поставете ја температурата на замрзнувачот
пониска од температурата наведена на
апаратот.
• Не поставувајте ја температурата на апаратот
пониско од потребното. За правење мраз во
подрачја со нормална клима, температурите на
замрзнување треба да се постават на -19 или
пониски.
• Не ставајте храна во близина на сензорот за
температура на фрижидерот. Растојанието од
сензорите треба да биде минимум 3 cm.
• Имајте предвид дека покачување на
температурата по одмрзнување има дозволен
опсег наведен во спецификациите на апаратот.
Ако сакате да го минимизирате влијанието што
ова може да го има врз чувањето храна поради
покачување на температурата, запечатете
ја или врзете ја ќесата со храна во неколку
слоеви.
Ефикасно чување храна
• Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во
затворени садови.
• Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
• Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
• Ставете ја оладената или замрзнатата храна
во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по
купувањето.
• Избегнувајте повторно замрзнување на
храна која е целосно одмрзната. Повторното
замрзнување на каква било храна што е
целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус
и хранлива вредност.
• Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
• Не преполнувајте го апаратот. Наполнете
помалку од 70 % од просторот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
• Изладете ја храната пред да ја ставите во
замрзнувачот. Ако ставите голема количина
топла храна внатре, внатрешната температура
на апаратот може да се зголеми и негативно да
влијае врз другата храна во него.
• Ако поставите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не поставувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на храната.
• Секогаш одржувајте го апаратот чист.
МК
23

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsj960nsbz