Télécharger Imprimer la page

Напомени За Преместување И Транспорт; Напомени За Монтажа - LG GSX960NEAZ Manuel Du Propriétaire

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 435
Напомени за преместување и
транспорт
• Извадете ја целокупната храна од
внатрешноста на апаратот. Потоа,
транспортирајте го апаратот само откако сте ги
фиксирале кршливите делови, како на пример
полиците и рачката на вратата со самолеплива
лента. Во спротивно, може да дојде до
оштетување на апаратот.
• Извадете го приклучокот за струја, вметнете
го и фиксирајте го во куката за приклучокот на
задната страна или на горниот дел од апаратот.
Во спротивно, може да дојде до оштетување на
приклучокот или гребење на подот.
• Апаратот треба да го транспортираат
внимателно повеќе од две лица. Испуштањето
на апаратот, кој е навистина многу тежок, може
да предизвика телесна повреда или дефект во
апаратот.
• При транспорт на апаратот на подалечно
растојание, држете го апаратот во исправена
положба. Апаратот може да се навали
и да предизвика дефект. Никогаш не
транспортирајте го апаратот легнат затоа
што тоа може да предизвика дефект во
циркулирањето на средството за ладење кога
повторно ќе се исправи.
Напомени за монтажа
• Монтирајте го производот на цврста и рамна
површина.
− Ако производот е монтиран на нерамен под,
може да предизвика вибрација и бучава, што
пак може да доведе до паѓање на апаратот
и повреда. Исто така може да предизвика
вратите да не се затвораат правилно и да
навлезе влага во внатрешноста на единицата
за време на работењето.
− Ако предниот или задниот дел на апаратот не
е израмнет, регулирајте ги предните ногалки
за да ја коригирате положбата. При полоши
ситуации, можеби ќе биде потребно подот да
се коригира со тенки дрвени ленти.
• Избегнувајте монтирање на производот во
близина на извори на топлина, директна
сончева светлина или влага.
• Поврзете го кабелот за струја (или приклучокот)
со штекерот. Не приклучувајте други апарати на
истиот штекер.
• По поврзување на кабелот за струја (или
приклучокот) со извор на струја, почекајте 2-3
часа пред да ставите храна во апаратот. Ако
додадете храна пред целосно да се излади,
храната може да се расипе.
• Моделите со рачки треба да бидат оддалечени
барем 55 mm од ѕидот на страната на шарките
за да може вратата да се отвора под агол од
90°.
• Оставете растојание од 55 mm од левата,
десната, задната и горната страна при
монтирањето.
МК
13

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsj960nsbz