Bosch GCM 10 MX Professional Notice Originale page 242

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 10 MX Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
242 | Македонски
Позиционирање
Подна лајсна
на делот што се
обработува
– поставени кон
граничната
водилка
– плоснато
лежејќи на
масата за пила
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (17)
нанадвор.
Проверка (види слика O1)
– Поставете аголно мерило на 90° помеѓу граничната
водилка и поставете го рамно со сечилото за пила (41)
помеѓу граничната водилка (6) и сечилото за пила на
масата за пила (7).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со
граничната водилка по целата должина.
Подесување (види слика O2)
– Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна
глава (47) со испорачаниот внатрешен шестаголен
клуч (22).
– Свртете ја граничната водилка (6) додека аголното
мерило не лежи прецизно по целата должина.
– Повторно затегнете ги завртките.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Рачката (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика P1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (7).
1 609 92A 5U4 | (07.10.2020)
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
Плафонски
должина со сечилото за пила (41).
лајсни
Подесување (види слика P2)
– Олабавете ја затезната дршка (26).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(33) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (13mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (26).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (33).
Доколку по подесувањето агломерот (31) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (32) олабавете ја завртката
(48) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката. (види слика R)
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (26) и навалете ја
рачката на алатот со дршката (3) до крај во лево (45°).
Проверка (види слика Q1)
– Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на
масата за пила (7).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (41).
Подесување (види слика Q2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(23) со обичен прстенест или вилушкаст клуч
(13 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (26).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (23).
Доколку агломерот (31) по подесувањето не е во иста
линија со 45°-ознаката на скалата (32) најпрво проверете
ја повторно 0°-поставката за вертикалниот агол на
закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Транспорт (види слика S)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières