Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GLM 50-27 CG Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GLM 50-27 CG Professional:
Table des Matières

Publicité

498 | Македонски
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија. Мерниот уред
со 1/4"-навој (14) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (21) или
на вообичаен фото-статив. Цврсто зашрафете ја брзо заменливата плоча со шраф
за фиксирање.
Поставете го референтното ниво за мерења со статив во поставките (види
„Избирање на референтно ниво (види слика B)", Страница 489).
Спојка за појас (опрема) (види слика N)
Со спојката за појас (17) можете лесно да го закачите мерниот уред на Вашиот
појас.
Порака за грешка
Доколку мерењето не може да се правилно да се изврши, на екранот се прикажува
пораката за грешка „Error". Започнете го повторно мерењето.
Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење.
Доколку се утврди дефект, на екранот стои само ознаката покрај
него и мерниот уред се исклучува. Во ваков случај предадете го
Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на сервисната служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна
чанта (23).
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (15) со истата грижа, со која треба да
се одржуваат очила или леќи на фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (23).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
1 609 92A 4ZJ | (14.10.2020)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Glm 50-27 c professional

Table des Matières