Télécharger Imprimer la page

Milwaukee WCS 45 Notice Originale page 61

Masquer les pouces Voir aussi pour WCS 45:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот
додека се врти, во спротивно може да дојде
до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
h) Не вклучувајте го електро-алатот повторно,
сè додека истиот се наоѓа во материјалот за
обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот
број на вртежи, пред внимателно да го продолжите
сечењето. Во спротивно дискот може да заглави,
да отскокне од материјалот за обработка или да
предизвика повратен удар.
i) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи материјали за обработка може да свијат
како последица на својата тежина. Материјалот за
обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа
како во близина на засекот за делење така и на работ.
j) Бидете особено внимателни при „сечење
џебови" кај ѕидови или во други непрегледни
области. Дискот што навлегува може да предизвика
повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи,
понатаму во електрични водови или други објекти.
РАБОТЕН СИСТЕМ НА ЅИДНА ЖЛЕБЕСТА ФРЕЗА -
ЕКСТРАКТОР НА ПРАВ
Ѕидната жлебеста фреза да се употребува исклучиво
со екстрактори на прав од класата на прав М. Други
комбинации можат да доведат до полошо собирање и
одвојување на правот.
Обратете внимание на напомените за употребата, за
одржувањето и за чистењето на екстракторот на прав
вклучувајќи ги и напомените за филтрите. Кога
контејнерот за собирање на правот е наполнет, веднаш
треба да се испразни.
Употребувајте го исклучиво предвиденото црево за
всмукување. Цревото за всмукување не треба да се
модифицира. Доколку во цревото за всмукување
влезат парчиња камен, работата мора да се прекине и
цревото за всмукување треба веднаш да се очисти.
Треба да се избегнува свиткување на цревото за
всмукување.
Филтерот треба редовно да се чисти и да се заменува;
да не се отстрануваат филтри / компоненти на
филтрите.
Ѕидната жлебеста фрез и дисковите за сечење треба
да се изберат во склад со подлогата. Производителите
нудат различни дискови за сечење во зависност од
подлогата.
Употребувајте исклучиво дискови за сечење со
дијаманти. Сегментирани дијамантни дискови смеат
да да се употребуваат само ако имаат негативни агли
на сечење и максимални процепи од 10 мм помеѓу
сегментите.
Дисковите за сечење треба благовремено да се
заменуваат односно да се наоструваат. Кога ќе се
намали учинокот на сечење треба да се направи
контрола, дали дисковите за сечење се изабени и
дали треба да се заменат односно да се наострат.
Постапката на топење и работниот процес треба да се
изведува како што е опишано во упатството за
употреба.
РАБОТНО МЕСТО
Треба да биде гарантирано придржувањето кон
општите побарувања за тоа какви треба да бидат
работните места на градежните локации (доволно
осветлување, избегнување на места опасни за падови
итн.). Обратете внимание не безбедносните напомени.
Обезбедете добра вентилација.
Осигурајте се дека работниот простор е расчистен и
слободен. Со релативно долги жлебови екстракторот
120
МАКЕДОНСКИ
на прашина треба да може да се движи слободно со
наводникот односно да може да дојде на ред директно
после него.
РАБОТНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Употребувајте заштита за слухот, заштита за очите,
заштита за дишните органи и евентуално и ракавици.
Како заштита на дишните органи употребувајте
полумаска од класата FFP2 која што филтрира барем
честички.
Употребувајте го екстракторот на прашина за да го
очистите работното место. Не го расфрлувајте
застоениот прав со метење.
ТРАНСПОРТ, РАКУВАЊЕ И СКЛАДИШТЕЊЕ
Дијамантните дискови за сечење мора да се ракуваат
и да се транспортираат внимателно. Употребувајте го
доколку е можно оригиналното пакување или некое
друго соодветно пакување.
Дисковите мора да се чуваат во сува околина на тој
начин што нема да бидат изложени на механички
оштетувања.
Заштитувајте ги дисковите за сечење од удари,
поттурнувања и штетни влијанија од околината.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Машината за кршење ѕидови сече канали за кабли и
цевки (ѕидарски жлебови) при каква и да е
конструкција од тули со двојните дијаманстки дискови
кои работат паралелно.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со сите
релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs),
2014/30/EU, 2006/42/EC и следните хармонизирачки
нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-22:2011 + A11:2013
EN 55014-1:2006 + A 1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-11-30
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто
така и поврзување на приклучок без заземјување
доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2
класа.
СОВЕТ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Брзината на ротацијата при зголемување на
оптоварувањето електронски се прилагодува.
Во случај на подолго преоптоварување брзината се
намалува електронски. Машината продолжува да
работи полека за да ги олади намотките на моторот.
По исклучување и повторно вклучување машината
може да се користи со зголемено оптоварување.
Во случај на ефект од екстремни електромагнетни
пречки од надвор, може да дојде до привремено
варирање на брзината на ротација во одредени
случаеви може да се зголеми.
Острете ги тапите куси сечила (можат да бидат
препознаени по искрите кои летаат при сечењето) со
неколку засеци во калцифицирани песочни карпи или
специцијален камен за острење.
Дисковите за сечење при користење стануваат многу
жешки. Не ги допирајте пред да се изладат.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни
делови. Доколку некои од компонентите кои не се
опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или
во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од
струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Користете ФФП2 респиратор за честички
како минимална заштита.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната
категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од
основната изолација туку и од тоа дали ќе
се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации
или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за
приклучување на некој заштитен вод.
СЕ-знак
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките
прописи.
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
121

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

4632 81 03 série3930 04 04 série000001-999999 série