Bosch GSS 23 AE Professional Notice Originale page 116

Masquer les pouces Voir aussi pour GSS 23 AE Professional:
Table des Matières

Publicité

116 | Македонски
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е
користење тестирани уреди за всисување на прав
настаната при обработка на дрво, а сопственото
всисување не смее да се користи во комерцијални
предели. Комерцијалните корисници мора да ги
разјаснат специјалните барања за други материјали со
надлежното здружение на професионалци.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика A)
Брусната плоча (6) е опремена со леплива лента, така
што брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча (6) пред да
ја наместите на брусниот лист (7), за да овозможите
добро слепување.
Брусниот лист (7) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (6), потоа поставете го брусниот лист
на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (7) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (6).
Брусни листови без леплива лента (види слики B–D)
❶ Притиснете на копчето за отклучување (8) и држете
го притиснато.
❷ Водете го брусниот лист (7) до крај под отворениот
преден терминален блок (9) и отпуштете го копчето
за отклучување (8). Внимавајте на затегнатоста на
брусниот лист во средината.
❸ Притиснете го затезниот стремен (5) навнатре и
навалете го до крај.
❹ Брусниот лист (7) поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист (7)
помеѓу задниот терминален блок и црвениот валјак на
затезниот стремен (5).
❺ Држете го брусниот лист затегнат и притиснете на
затезниот стремен (5) во правец на брусната плоча,
за да го фиксирате брусниот лист.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (10) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика E).
За да го извадите брусниот лист (7) олабавете гo
затезниот стремен (5) и извлечете го брусниот лист од
неговиот заден држач. Притиснете го копчето за
отклучување (8) и целосно извадете го брусниот лист.
1 609 92A 4AE | (04.09.2020)
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за полнење и
шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
Замена на брусната плоча (види слика F)
Брусната плоча (6) може да се замени по потреба.
Целосно одвртете ги 4-те завртки (11) и извадете ја
основната брусна плоча (6). Поставете ја новата основна
брусна плоча (6) и повторно затегнете ги завртките.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете
го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (3).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). При
фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (2),
најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Гранулација
40 – 240
грубо
40, 60
средно 80, 100,
120
фино
180, 240
40 – 320
грубо
40, 60
средно 80, 100,
120
фино
180, 240,
320
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières