Bosch GKS Professional 18V-57 G Notice Originale page 196

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS Professional 18V-57 G:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-2769-003.book Page 196 Wednesday, June 8, 2016 9:35 AM
196 | Македонски
Поставете ја тркалезната пила директно на шината-
водилка 34. Прицврстете ја шината-водилка 34 со
соодветни затегнувачки механизми, на пр. столарски
стеги, на делот што се обработува, така што тесниот крак
на шината водилка 34 ќе покажува кон листот на пилата.
Шината водилка 34 не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
Вклучете го електричниот апарати водете го рамномерно
со лесен притисок во правецот на сечење.
Со делот за сврзување 36 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
1 609 92A 36W | (8.6.16)
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што
се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 196.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks professional 18v-57

Table des Matières