Bosch GKS Professional 18V-57 G Notice Originale page 194

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS Professional 18V-57 G:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-2769-003.book Page 194 Wednesday, June 8, 2016 9:35 AM
194 | Македонски
– Поставете ја стезната прирабница 24 и зашрафете го
затезниот шраф 25 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 22 и стезната прирабница 24.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 5 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 3 затезниот шраф 25 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 28 на исфрлувачот
на струготини 16 додека не се вклопи. Обезбедете го
адаптерот за вшмукување 28 дополнително со завртка 27.
На адаптерот за вшмукување 28 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 mm.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 28 мора редовно да се чисти.
1 609 92A 36W | (8.6.16)
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 35 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 29. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 6, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 6.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
29.
Затезната сила на затезниот лост 29 може дополнително
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 29 и
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол (GKS 18V-57 G)
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 17.
– Олабавете ги пеперутка-навртките 8 и 15. Навалувајте
ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 9. Повторно затегнете ги пеперутка-навртките
8 и 15.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 30.
Подесување на закосениот агол (GKS 18V-57)
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 17.
– Отшрафете ја пеперутка-завртката 8. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 9. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката
8.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 30.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks professional 18v-57

Table des Matières