Bosch GKS Professional 18V-57 G Notice Originale page 193

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS Professional 18V-57 G:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-2769-003.book Page 193 Wednesday, June 8, 2016 9:35 AM
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 19 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 26.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 19 притиснете на копчињата
за отворање 26 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика F)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 33 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
19. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Bosch Power Tools
Притиснете го копчето 32, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 19.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 32 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 5 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 5 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 3 затезниот шраф 25 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 13 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 24 и листот за пилата
23 од вретеното на пилата 21.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 23 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 13 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 23 на приклучната
прирабница 22. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба со повратен механизам 13.
Македонски | 193
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
1 609 92A 36W | (8.6.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks professional 18v-57

Table des Matières