Bosch GBM 6 RE Professional Notice Originale page 103

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 6 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-836-005.book Page 103 Tuesday, May 6, 2014 11:27 AM
Држете го уредот за изолираните површини на
дршката, доколку извршувате работи, каде
електричниот апарат може да наиде на скриени
струјни кабли или на сопствениот мрежен кабел.
Контактот со кабли кои спроведуваат напон може да ги
стави металните делови на уредот под напон и да
доведе до електричен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Технички податоци
Дупчалка
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Излезна моќ
Број на празни вртежи
Номинален број на вртежи
Номинален вртежен момент
Дијаметар на грлото на вретеното
Контрола на бројот на вртежи
Тек десно/лево
макс. дупка Ø
– Челик
– Дрво
– Алуминиум
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Bosch Power Tools
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика. Електричните апарати со
електронска регулација и тек лево / десно се исто така
погодни за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Брзозатегачка глава
2 Предна чаура
3 Задна чаура
4 Држач за појас
5 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Прекинувач за менување на правецот на вртење
8 Рачка (изолирана површина на дршката)
9 Бит за одвртувач/зашрафувач *
10 Универзален држач за битови *
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
GBM 6 RE
3 601 D72 5..
W
350
W
136
-1
min
0 – 4000
-1
min
3116
Nm
12,3
мм
43
мм
6,5
мм
15
мм
Македонски | 103
GBM 6 RE
3 601 D72 6..
350
136
0 – 4000
3116
12,3
43
6,5
15
8
8
1 609 92A 0N6 | (6.5.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières