Македонски - Milwaukee HEAVY DUTY C12 C Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour HEAVY DUTY C12 C:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 6
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Скала на волтажа ..............................................12 V
Тек на брзо полнење ........................................3,0 A
Одржување на полнење ..................................500 mA
Време потребно за полнење на батеријата
Li-Ion 1,5 Ah .......................................................30 min
Тежина без кабел .............................................460 g
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Ве молиме обрнете внимание на упатствата за употреба
во прикачениот флаер.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем C 12 за полнење на
батерии од C 12 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Следните батерии може да се полнат со овој полнач:
волтажни
батерија
јачина на батерија
број на
(на резервна
келии на
батерија)
батерија
12 V
C12 B
≤ 1,5 Ah
12 V
C12 BX
≤ 3,0 Ah
2 x 3
12 V
M12 B
≤ 1,5 Ah
12 V
M12 BX
≤ 3,0 Ah
2 x 3
Со овој полнач не се обидувајте да полните батерии кои
не се напојуваат.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Не го допирајте алатот со предмети кои се проводници
на струја.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги со нови.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и
приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се
поправки исклучиво од авторизираниот сервис.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи и деца) со ограничени физички, сензорни
или ментални способности или со недостаток на
искуство и / или недостаток на знаење, освен доколку
тие лица се под надзор на лице, кое е надлежно за
нивната безбедност, или доколку од тоа лице добиваат
инструкции за тоа, како да се користи апаратот.
Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни,
дека тие не играат со апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Брзиот полнач може да полни Milwaukee (C12) батерии
од 12 В.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
56
МАКЕДОНСКИ
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој
производ е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи. EN 60335, EN 55014-1, EN
55014-2, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3, EN 62 233, и е во
согласност со прописите 2006/95/EC, 2004/108/EC
Rainer Kumpf
Winnenden, 2008-01-14
Manager Product Development
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет
по 4-5 циклуса на полнење и празнење. Подолг период
неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
КАРАКТЕРИСТИКИ
По поставувањето на батеријата во лежиштето на
3
полначот, таа ќе започне автоматски да се полни (
црвеното ЛЕД светло останува вклучено)
Ако во полначот поставите премногу ладна или
3
прегреана батерија (трепкање на црвената светилка), тој
автоматски ќе започне да ги полни истите откако
батеријата ја постигнала соодветната температура за
напојување (0°С....60°С).
Времето за напојување варира зависно од
температурата на батериите, потребното напојување и
типот на батериите кои се полнат.
Штом полнењето е завршено, полначот се префрла на
,,лесно,, полнење да се постигне целосен капацитет
(зелената сијаличка свети постојано, црвеното сијаличка
е исклучена))
Нема потреба да се извади батеријата од полначот
откако ќе биде наполнета. Батеријата може да остане во
полначот без опасност истата да биде пренаполнета.
Доколку двете ЛЕД трепкаат истовремено, или
батеријата не е добро наместена или е неисправна таа
или полначот. Од безбедносни причини не го користете
полначот и батеријата, и веднаш однесете ги на
проверка кај овластениот АЕГ сервис.
ОДРЖУВАЊЕ
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да се
замени исклучиво во специјализираните продавници
препорачани од производителот, бидејки се потребни
алати специјално за таа намена.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно
со другиот домашен отпад! Европска
регулатива 2002/96/EC за одлагање на
електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале
крајот на својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
Овој алат е исклучиво за внатрешна
употреба. Никогаш не го изложувајте алатот
на дожд.
Не го горете искористениот батерискиот
сколоп.
Никогаш не полнете оштетена батерија.
Заменете ја со нова.
МАКЕДОНСКИ
57

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières