Bosch GHO 6500 Professional Notice Originale page 146

Masquer les pouces Voir aussi pour GHO 6500 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-2410-002.book Page 146 Thursday, November 19, 2015 11:21 AM
146 | Македонски
За подесување на висината на сечилата на рендето служи
мерилото за подесување 19 (опрема). Поставете го
сечилото на рендето 15 и заштитниот држач 16 на
мерилото за подесување. Заштитниот држач 16 мора да
посега во жлебот предвиден за таа намена. Притиснете на
сечилото на рендето 15 наспроти граничникот и
фиксирајте го заштитниот држач 16 во оваа позиција со
завртката за прицврстување 17. На тој начин автоматски
ќе се постигне правилно подесување на висината.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на
подлогата на рендето 8 и да се центрира. На крај
затегнете ги 3-те завртки за прицврстување 11 со Torx-
клучот 10. Притоа придржувајте се до наведениот
редослед на затегање на стезната челуст 12 ().
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
завртките за прицврстување 11 се добро налегнати.
Рачно свртете ја главата на сечилото 13 и проверете дали
сечилото на рендето се трие на некое место.
Замена на HM/TC-сечилото на рендето
 Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете само оригинални Bosch HM/TC-секачи за
ренде.
Сечилата на рендето од цврст материјал (HM/TC) имаат 2
сечила и можат да се вртат. Доколку двата раба на сечилото
се тапи, сечилото на рендето 20 мора да се замени. HM/TC-
секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Вадење на секачот на рендето (види слики G – H)
– За да го свртите или замените сечилото на рендето,
свртете ја главата на сечилото 13, додека стезната
челуст 12 не се постави паралелно со подлогата на
рендето 8.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување 11 со Torx-
клучот 10 со 1 – 2 вртења. Стезната челуст 12 не мора
да се вади.
– Свртете ја малку главата на сечилото и со дрвено парче
турнете го сечилото на рендето 20 странично од главата
на сечилото 13.
– Свртете ја главата на сечилото 180° и демонтирајте го
2. сечило на рендето.
Ставање на секачот на рендето (види слики I – J)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менувањето одн.вртењето.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на сечилото
во главата на сечилото 13 и сечилото на рендето 20.
При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на главата
на сечилото 13.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на
подлогата на рендето 8 и да се центрира. На крај
затегнете ги 3-те завртки за прицврстување 11 со Torx-
клучот 10. Притоа придржувајте се до наведениот
редослед на затегање на стезната челуст 12 ().
1 609 92A 1T5 | (19.11.15)
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
завртките за прицврстување 11 се добро налегнати.
Рачно свртете ја главата на сечилото 13 и проверете дали
сечилото на рендето се трие на некое место.
Употреба на сетови за префрлање
Префрлање од HSS во HM/TC
Со користење на сетот за префрлање 2 607 001 399
(види опрема) рендињата со HSS-сечила може да се
префрлат на HM/TC-сечила.
– Олабавете ја и извадете ја стезната челуст 12.
– Извадете го заштитниот држач 16 заедно со сечилото
на рендето 15 од главата на сечилото 13 одн. водечкиот
жлеб 14.
– Ставете го сетот за префрлање 2 607 001 399 во
водечкиот жлеб 14.
– Поставете ја стезната челуст 12 и завртете ги завртките
за прицврстување 11, но не ги затегнувајте.
– Ставете го HM/TC-сечилото за ренде странично во
прифатот.
– Сечилото на рендето мора да се вгради во средината
на подлогата на рендето 8 и да се центрира. На крај
затегнете ги 3-те завртки за прицврстување 11 со Torx-
клучот 10. Притоа придржувајте се до наведениот
редослед на затегање на стезната челуст 12 ().
Префрлање од HM/TC во HSS
Со користење на сетот за префрлање 2 607 001 398
(види опрема) рендињата со HM/TC-сечила може да се
префрлат на HSS-сечила.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување 11 со Torx-
клучот 10 и извадете ја стезната челуст 12.
– Извадете го заштитниот држач 16 заедно со сечилото
на рендето 15 од главата на сечилото 13 одн. водечкиот
жлеб 14.
– Ставете го сетот за префрлање 2 607 001 398 во
водечкиот жлеб 14 и центрирајте го средишно кон
подлогата на рендето 8.
– Поставете ја стезната челуст 12 и затегнете ги 3-завртки
за прицврстување 11 со Torx-клучот 10. Притоа
придржувајте се до наведениот редослед на затегање
на стезната челуст 12 ().
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières