Bosch GAM 270 MFL Professional Notice Originale page 207

Masquer les pouces Voir aussi pour GAM 270 MFL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 28
Притиснете го копчето MTR1 (15). Пресметаниот хоризонтален агол на
закосување MTR, кој мора да се постави на пилата за отсекување и
сечење под агол, како и индикаторот MTR ќе се прикажат на екранот.
Притиснете на копчето MTR1 (15), за да се вратите од режимот на
работа „Еднократно закосување" во режимот на работа „Стандардно
мерење".
Со кратко притискање на копчето за вклучување/исклучување (14) се
враќате назад во режимот на работа „Стандардно мерење". Притоа, ќе
се избрише ев. зачуваната Hold-вредност.
Напомена: Пресметаниот хоризонтален агол на закосување MTR може
да се преземе само за пили за отсекување и сечење под агол, каде
поставувањето за вертикално сечење изнесува 0°. Доколку
поставувањето за вертикално сечење изнесува 90°, аголот на сечење
мора да го пресметате на следниот начин:
90° – прикажан агол MTR = аголот кој треба да се постави на пилата.
Режим на работа „Двојно закосување"
Мерењето „Двојно закосување" („Compound MTR") служи за
пресметување на хоризонтални и вертикални агли на закосување,
доколку двата дела што треба да се обработуваат со повеќекратни агли
(на пр. лајсни за плафони) треба да се судрат точно еден со друг.
Режимот на работа „Двојно закосување" се активира со притискање на
копчето MTR2 (16). За пресметка на аголот секогаш се користи
прикажаната вредност на позициите на кракот. Ев. зачуваната Hold-
вредност се брише со завршување на режимот на работа „Двојно
закосување".
Следете ги работните чекори точно според дадениот редослед.
1. SPR: Зачувување на аголот на косина (Spring Angle)
SPR
За зачувување на аголот на косина постојат следните можности:
– Отворете ги кракот на преклопување и основниот крак, додека не се
прикаже аголот на косина на екранот.
– Измерете го непознатиот агол на косина. За да го направите тоа,
поставете го делот што се обработува помеѓу кракот на
преклопување и основниот крак.
Доколку мерењето на особено тесни и мали делови за обработка не е
возможно со мерниот уред, тогаш искористете помошно средство,
како на пр. подвижно мерило, и потоа поставете го аголот на мерниот
уред.
Притиснете го копчето MTR2 (16), за да го зачувате измерениот агол на
косина за двојното закосување. На екранот се покажува SPR и
актуелниот агол.
Доколку при притискање на копчето MTR2 (16) аголот изнесува повеќе
од 90°, но помалку од 180°, тогаш аголот на косина SPR се претвара
автоматски на следниот начин:
SPR = 180° − измерен, одн. поставен агол.
2. CNR: Зачувување на аголот во ќош (Corner Angle)
Поставете ги кракот на преклопување и основниот крак рамно на
ѕидовите за мерење на аголот во ќош или поставете одреден агол на
ќош на мерниот уред.
Притиснете го копчето MTR2 (16), за да го зачувате измерениот агол во
ќош за двојното закосување. На екранот се покажува CNR и актуелниот
агол.
Bosch Power Tools
CNR
Македонски | 207
SPR
1 609 92A 58L | (22.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières