Bosch GAM 270 MFL Professional Notice Originale page 205

Masquer les pouces Voir aussi pour GAM 270 MFL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 28
Македонски | 205
Доколку индикаторот свети H (a), зачувана е уште една вредност од
последното мерење. Оваа вредност може да се избрише со кратко
притискање на копчето за вклучување/исклучување (14).
За исклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување-
исклучување (14).
Доколку по околу 30 min не се изврши никаква акција, мерниот уред
автоматски се исклучува заради нега на батериите одн. акумулаторските
батерии.
Центрирање со либели
Со либелата (9) мерниот уред може да го центрирате хоризонтално, а со
либелата (10) вертикално.
Мерниот уред може да го користите и како васер-вага за проверка на
хоризонталите и вертикалите. За таа намена, поставете го мерниот уред
на површината којашто треба да се провери.
Вртење на приказот
Доколку го свртите мерниот уред за 180°, автоматски се врти и
приказот, за да можете подобро да ја прочитате прикажаната вредност.
Начин на работење „Стандардно мерење"
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во режим на работа
„Стандардно мерење".
Со режимот на работа „Стандардно мерење" истовремено се извршува
мерење на агли и косини.
Мерење на агли (види слики C–D)
Поставете го кракот на преклопување (1) и основниот крак (4) рамно на
рабовите што треба да се измерат. Прикажаната измерена вредност (g)
одговара на внатрешниот агол w помеѓу основниот и кракот на
преклопување.
Оваа измерена вредност ќе се прикажува на екранот (7), се додека не
го смените аголот помеѓу кракот на преклопување (1) и основниот
крак (4).
Пренесување на агли (види слика E)
Измерете го аголот што треба да се пренесе со поставување на кракот
на преклопување и основниот крак на зададениот крак.
Со затегнување на тркалцето за фиксирање (3) позицијата на кракот
може механички да се осигура. Прикажаната вредност нема да се
зачува.
Поставете го мерниот уред во саканата позиција на делот што се
обработува. Користете го кракот како линијар за нанесување на агли.
Зачувување на измерената вредност
За да се зачува (H) актуелната мерна вредност (g) притиснете го
копчето за зачувување Hold (17).
Како потврда трепка индикаторот (a) на екранот. Моментално
прикажаната вредност е „замрзната" и не се менува при движење на
кракот. Доколку одново се притисне копчето за меморија Hold
индикаторот (a) ќе се прикажува континуирано на екранот.
Прикажаната вредност се менува во зависност од движењето на кракот.
Претходно „замрзнатата вредност" сега е зачувана во позадината. Со
одново притискање на копчето за зачувување Hold (17) ќе се прикаже
претходно зачуваната вредност, индикаторот (a) трепка.
За бришење на вредноста на меморијата притиснете кратко на копчето
вклучување/исклучување (14).
За да можете да зачувате нова вредност, мора да се избрише некоја од
претходно зачуваните вредности. Зачуваните вредности не можат да се
препишат.
Зачуваната вредност ќе се зачува и при исклучувањето на мерниот уред
(рачно или автоматски). Во секој случај таа ќе се избрише при промена
на батериите одн. доколку батериите се испразнат.
Мерење со продолжетокот на кракот (види слики G–H)
Продолжетокот на кракот (21) овозможува мерење на агол, доколку
површината на поставување е пократка од кракот на преклопување (1).
Поставете го основниот крак (4) и продолжетокот на кракот рамно на
рабовите што треба да се измерат.
Како измерена вредност на екранот ќе се прикаже аголот w помеѓу
основниот крак и кракот на преклопување. Бараниот агол v помеѓу
основниот крак и продолжетокот на кракот може да го пресметате на
следниот начин:
 v = 180° – w
Bosch Power Tools
1 609 92A 58L | (22.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières