Makita DML809 Manuel D'instruction page 127

Masquer les pouces Voir aussi pour DML809:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
Совети за одржување на максималниот рок
на траење на батеријата
1. Наполнете ја касетата на батеријата пред
целосно да се испразни.
Секогаш запрете ја работата на апаратот
и наполнете ја касетата на батеријата, ако
приметите дека апаратот е со помала сила.
2. Никогаш не полнете ја до крај касетата на
батеријата. Преполнувањето го скратува
работниот век на батеријата.
3. Касетата на батеријата полнете ја на собна
температура на 10°C - 40°C (50°F - 104°F).
Пред полнењето оставете ја врелата касета на
батеријата да се излади.
4. Наполнете ја касетата на батеријата ако не
планирате да ја користите подолг временски
период (повеќе од шест месеци).
Зачувајте ги сите предупредувања
и упатства за во иднина.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен,
кабелот извлечен и касетата на батеријата е
отстранета, пред да ја прилагодите или проверите
функцијата на апаратот.
Користење со батерија:
Инсталирање или отстранување на
касетата на батеријата
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш извлечете го приклучокот пред
инсталирањето или отстранувањето на касетата
на батеријата.
• Користете само оригинални Makita литијум-јонски
батерии. Користењето на неоригинални Makita
батерии, или батерии што биле изменети, може
да резултира со пукање на батеријата што ќе
предизвика пожар, лични повреди и оштетувања.
Тоа исто така ќе ја поништи Makita гаранцијата за
Makita алатот и полначот.
• Држете ги цврсто апаратот и касетата на
батеријата, кога ќе ја инсталирате или
отстранувате касетата на батеријата.
Неисполнувањето на условот за цврсто држење
на апаратот и касетата на батеријата, може да
предизвика нивно лизгање од вашите раце и да
резултира со оштетување на апаратот и касетата
на батеријата и лична повреда.
• Внимавајте да не го ставите прстот(ите)
помеѓу апаратот и касетата на батеријата при
вметнувањето на касетата на батеријата, како
и помеѓу апаратот и капакот на батеријата, при
затворањето на капакот на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Можат да се инсталираат до две касети на
батеријата, иако апаратот користи една касета на
батеријата за работење.
За да ја инсталирате касетата на батеријата,
ослободете ја бравата на капакот и отворете го
капакот на батеријата. (Fig. 1)
Вметнете ја касетата на батеријата. Порамнете го
јазичето на касетата на батеријата со жлебот на
куќиштето и поставете ја на своето место. Вметнете
ја целосно, сė додека не легне на своето место и не
се чуе мало кликнување. Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од копчето,
тогаш таа не е целосно заклучена на своето место.
Потоа затворете го капакот на батеријата. (Fig. 2)
За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете
ја од алатката додека го лизгате копчето на предната
страна од касетата.
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш инсталирајте ја во целост касетата на
батеријата, сė додека црвениот индикатор не може
да биде виден. Ако не постапите така, таа може
случајно да испадне од апаратот, предизвикувајќи
повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
• Немојте со сила да ја инсталирате касетата на
батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне
лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.
Укажува на преостанатиот капацитет на
батеријата (Fig. 3)
(Само за касети на батерии со индикатор)
Притиснете го копчето за проверка на касетата на
батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет
на батеријата. Сијаличките на индикаторот ќе
засветат неколку секунди.
Сијалички на индикаторот
Осветлено Исклучено Трепкање
ЗАБЕЛЕШКА:
• Во зависност од условите за користење и
температурата на околината, индикаторот може
малку да се разликува од вистинскиот капацитет.
Користењето на неоригинални Makita батерии, или
батерии што биле изменети, ќе ја поништи Makita
гаранцијата за Makita апарат и полнач.
127 Македонски
Преостанат капацитет
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполни ја батеријата.
Батеријата може да
има дефект.

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières