Makita DML809 Manuel D'instruction page 126

Masquer les pouces Voir aussi pour DML809:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
14. Не оставајте го извлечен кабелот за напојување
од апаратот, додека тој добива напојување од
штекерот. Правејќи го тоа може да се предизвика
електричен удар.
15. Не дозволувајте ништо да ги покрие или затне
вентилациските отвори на апаратот. Вентилацискиот
отвор секогаш држете го чист заради ладење.
Користење и грижа за батеријата на апаратот
1. Спречете ненамерно стартување на апаратот.
Осигурете се дека прекинувачот е во исклучена
позиција пред да се поврзете со батерискиот
пакет, пред да го подигнете или носите апаратот.
Носете го апаратот така што ќе го држите прстот
на прекинувачот или на енергетскиот апарат што
има прекинувач за несреќни случаи.
2. Исклучете го батерискиот пакет од апаратот пред
да направите било какви прилагодувања, да
промените додатоци или да го ставите некаде
апаратот. Ваквите превентивни безбедносни
мерки го намалуваат ризикот од случајно
вклучување на апаратот.
3. Полнете ги единствено со полнач одреден од
страна на производителот. Полначот што е
погоден за еден вид на батериски пакет може
да предизвика ризик од пожар ако се користи со
некој друг батериски пакет.
4. Користете апарати единствено со специјално
одредени батериски пакети. Користењето на било
кои други батериски пакети може да создаде
ризик од повреди или пожар.
5. Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте
го подалеку од други метални објекти, како што
се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови
или други мали метални предмети што можат
да предизвикаат конекција на еден терминал со
друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да
предизвика изгореници или пожар.
6. Во услови на злоупотреба, течноста може да
излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако
дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со
вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите,
дополнително побарајте и медицинска помош.
Течноста исфрлена од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
7. Не користете го батерискиот пакет или апарат
што се оштетени или изменети. Оштетените или
изменети батерии можат да покажат непредвидливо
однесување, што може да резултира со пожар,
експлозија или ризик од повреда.
8. Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот
на прекумерна температура. Изложеноста на
пожар или температури што се над 130 °C може
да предизвика експлозија.
9. Следете ги сите упатства за полнење на
батериите и не полнете го батерискиот пакет или
апаратот надвор од температурниот опсег одреден
во упатствата. Неправилното полнење или
полнењето на температури надвор од одредениот
температурен опсег, може да ја оштети батеријата
и да го зголеми ризикот од пожар.
10. Сервисирањето треба да биде изведено од
страна на квалификувано лице за поправка,
кое што користи само идентични делови за
замена. Со ова ќе се осигура дека се одржува
безбедноста на производот.
11. Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите
апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот
којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за
касетата на батеријата
1. Пред да ја користите касетата на батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
предупредување за (1) полначот на батерии, (2)
батеријата и (3) производот што користи батерии.
2. Не расклопувајте ја касетата на батерии.
3. Ако времето на работење станало многу кратко,
веднаш престанете со работењето. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
4. Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете
ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска
помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
5. Не скратувајте ја касетата на батеријата:
(1) Не допирајте ги терминалите со било каков
спроводлив материјал.
(2) Избегнувајте складирање на касетите на
батеријата во контејнер со други метални
предмети како што се клинци, монети итн.
(3) Не изложувајте ја касетата на батеријата на вода
или дожд. Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на струја, прегревање,
можни изгореници, па дури и дефекти.
6. Не складирајте го апаратот и касетата на
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надмине 50°C (122°F).
7. Не палете ја касетата на батеријата дури и ако е
сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата
на батеријата може да експлодира во пожар.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните литијум-јонски батерии подлежат
на законските барања за опасни материи. За
комерцијалните транспорти, на пример за трети
страни, агентите за шпедиција, мораат да се
почитуваат посебните барања за пакување и
еткетирање. За подготовка на предметот којшто се
испорачува, потребна е консултација со експерт
за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и
евентуално подеталните национални регулативи.
Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените
контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин,
што нема да може да се движи во пакувањето.
11. При отфрлањето на касетата на батеријата,
отстранете ја од алатот и фрлете ја на безбедно
место. Следете ги вашите локални регулативи во
врска со отстранувањето на батеријата.
12. Користете ги батериите единствено со
производите одредени од Makita. Инсталирањето
на батериите во несоодветни производи може
да резултира со пожар, прекумерна топлина,
експлозија или истекување на електролитот.
13. Ако алатот не се користи подолг временски
период, батеријата мора да се отстрани од него.
126 Македонски

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières