Bosch GDR 18V-200 C Professional Notice Originale page 151

Masquer les pouces Voir aussi pour GDR 18V-200 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-3329-001.book Page 151 Monday, April 9, 2018 10:26 AM
 Ако мора да работите со моќен алат на влажно
место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD). Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
 Бидете внимателни, внимавајте како работите и
работете разумно со моќен алат. Не користете
моќен алат ако сте уморни или под дејство на дроги,
алкохол или лекови. Еден момент на невнимание
додека работите со моќните алати може да доведе до
сериозна лична повреда.
 Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска
за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или
заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе
доведат до намалување на лични повреди.
 Спречете ненамерно активирање. Проверете дали
копчето е на позиција-исклучено, пред да го
вклучите во струја и/или во комплетот со батерии,
пред да го земете или носите алатот. Носење на
моќните алати со прстот на копчето или вклучување во
струја на моќните алати кои имаат вклучено копче
доведува до несреќи.
 Отстранете било каков клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите моќниот алат.
Француски клуч или клуч прикачен за ротирачки дел на
моќниот алат може да доведе до лична повреда.
 Не ги пречекорувајте ограничувањата. Одржувајте
соодветна положба и рамнотежа цело време. Ова
овозможува подобра контрола на моќниот алат во
неочекувани ситуации.
 Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од
подвижните делови. Широката облека, накитот или
долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
 Ако се користат поврзани уреди за вадење прав и
собирање предмети, проверете дали се правилно
поврзани и користени. Собирањето прав може да ги
намали опасностите предизвикани од прав.
 Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при неговото
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на моќните алати
 Не го преоптоварувајте моќниот алат. Користете
соодветен моќен алат за намената. Со соодветниот
моќен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја
извршите работата за која е наменет.
 Не користете моќен алат ако со копчето не можете
да го вклучите и исклучите. Секој моќен алат кој не
може да се контролира со копчето е опасен и мора да се
поправи.
 Исклучете го моќниот алат од струја и/или извадете
го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
Bosch Power Tools
дополнителна опрема или да го складирате моќниот
алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се
намалува ризикот од случајно вклучување на моќниот
алат.
 Чувајте ги моќните алати подалеку од дофат на деца
и не дозволувајте лицата кои не ракувале со
моќниот алат или не се запознаени со ова упатство
да работат со истиот. Моќните алати се опасни во
рацете на необучени корисници.
 Одржување на моќните алати и дополнителната
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови кои може негативно да
влијаат врз функционирањето на моќниот алат. Ако
е оштетен, однесете го моќниот алат на поправка
пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани
заради несоодветно одржување на моќните алати.
 Острете ги и чистете алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
 Моќниот алат, дополнителната опрема, деловите и
др., користете ги во согласност со ова упатство,
внимавајте на работните услови и работата која ја
вршите. Користењето на моќниот алат за други
активности од наменетите може да доведе до опасни
ситуации.
 Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во неочекувани
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
 Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач кој е соодветен за еден тип
комплет со батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг комплет со батерии.
 Моќните алати користете ги само со специјално
наменети комплети со батерии. Користењето на
други комплети со батерии може да предизвика
опасност од повреда или пожар.
 Кога не го користите комплетот со батерии, чувајте
го подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, метални пари, клучеви, шајки, завртки
или други помали метални предмети, кои може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој
на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
 Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритирање или изгореници.
 Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
Македонски | 151
1 609 92A 3WM | (9.4.18)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gdx 18v-200 c professional

Table des Matières